Креативни кујнски помагала кои веднаш ќе посакате да се најдат во вашата кујна

Добрите идеи се ретки, па затоа кога ќе налетаме на нив, веднаш сакаме да ги споделиме со вас. Па така, ги откривме најдобрите 20 кујнски помагала кои воедно се функционални, но и естетски неодоливо привлечни. Како такви можат да бидат одличен подарок за роденден или пак за вселување во нов дом. Погледнете ги овие занимливи и преслатки ОТОТО дизајнирани продукти.

0-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_

Ори Саиди и Даниел Гаснер се запознале во Тел Авив на Факултетот за уметност и дизајн во 1999 година. Во 2004 година одлучиле да отворат свое дизајн студио кои го нарекле ОТОТО што на хебрејски значи „само што не е (готово)“, баш како и идеите кои се наоѓаат зад аголот и чекаат да бидат откриени. Денес нивното уникатно студио се занимава со масовно производство, а производите се лесно достапни преку Интернет, се доставуваат низ целиот свет и она што е најважно, тие непрекинато работат на нови идеи.

Нам најмногу нè воодушевија лажиците за мерење во облик на цреши, садот за шпагети кој мери количина, гумениот отворач за стаклени тегли и чадорчињата како најдобри другари на чајот. Сите производи се достапни на нивната официјална страница на Амазон, а во продолжение погледнете ги дваесетте најдобри.

1. Лажици за мерење во облик на цреши

1-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_

2. Чудовиштето од Лох Нес во улога на филтер за чај

2-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_

3. Тапи за шишиња во форма на штрафови

3-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_

4. Држач за кујнски сунѓер во форма на брачен кревет

4-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_

5. Мерач на шпагети во форма на кула каде што секој кат мери одредена количина (за едно до четири лица)

5-sjajni-kujnski-pomagala-koi-vednash-kje-posakate-da-se-najdat-vo-vashata-kujna-www.kafepazua.mk_
Погледнете повеќе неодоливи кујнски помагала на наредната страница

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар