Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Постојат уметници кои ги рушат сите граници и достигнуваат нови за кои не сме биле ниту свесни дека постојат. Без оглед на тоа дали користат масло, акрилни бои, јаглен, пенкало или обичен молив, тие создаваат толку реалистични уметнички слики што буквално не постои разлика меѓу нив и обичните фотографии. Благодарение на нивната упорност и талент, овие уметници создаваат нешто многу импресивно што може да послужи како вистински прозорец кон еден алтернативен свет обликуван според нивната уметничка визија. Погледнете ги следниве уметнички дела кои несомнено ќе ви ги прошират хоризонтите и ќе ве остават без зборови…

Диего Фацио

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Диего почнува со цртање од едната страна на платното и полека продолжува да се движи понатаму. Користи обичен молив и јаглен. Му биле потребни 200 часа за да го заврши ова дело.

Омар Ортиз

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Омар толку добро знае да си игра со боите, светлото и сенките, што тоа станало негов главен заштитен знак. Тој поседува неверојатна способност совршено да ја пренесе на платно секоја линија и форма на човечкото тело.

Грегори Тилкер

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Грегори Тилкер ги создава неговите „дождливи“ слики со помош на водени и маслени бои при што ги користи само неговите раце. Доколку внимателно се загледате во неговите слики, ќе се почувствувате како да патувате со автомобил на ладен, дождлив ден.

Рут Тајсон

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Британскиот уметник Рут Тајсон нема формално уметничко образование. Но, тоа не го спречува со неговиот уникатен талент да создава реалистични уметнички слики. Тој користи комбинација од графитни и акварелни моливи со обична боја.

Роберто Бернарди

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Тешко е да се поверува дека уметничките дела на Роберто Бернарди не се направени со фотоапарат. Деталите кои ги содржат и нивната јасност се просто неверојатни.

Робин Елеј

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Овој уметник од Лондон создава огромни, реалистични дела со помош на масло. Честопати тој ги сокрива деловите на моделот кои не се покриени со облека и притоа користи полу-транспарентна пластична покривка за да постигне софистициран ефект.

Готфрид Хелнвајн

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Готфрид Хелнвајн користи акварелни бои за неговите дела. Тој работи како уметник, фотограф и скулптор. Не неговите таленти им нема крај!

Винсент Фантаузо

Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

Делата на австралискиот уметник Винсент Фантаузо се познати насекаде низ светот. Неговиот спектакуларен портрет на Хит Леџер бил насликан само неколку недели пред смртта на актерот.

За да ги погледнете делата на останатите неверојатни уметници преминете на следната страна

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар