Како да изберете совршено име за вашето бебе? - Part 2

Како да изберете совршено име за вашето бебе?

3-ime-koe-zhivot-znachi-kako-da-izberete-sovrsheno-ime-za-vasheto-bebe-www.kafepauza.mk_

1. Замка на прекар

Сите родители најпрво проверуваат како името се согласува со презимето. А дали сте провериле како најчестите прекари се сложуваат со презимето? Многу луѓе имаат презимиња кои сами по себе може да звучат навредливо или чудно, па во комбинација со прекарот нештата можат да станат уште полоши.

2. Замка на иницијали

Кога веќе го стеснивте кругот на имиња кои влегуваат во конкуренција, на лист хартија ставете ги и иницијалите. Иако Никола Неделковски изгледа како доста убаво име и презиме, иницијалите НН сугерираат на непознато лице. Уште полошо би поминала Сара Станковска, бидејќи на сите им е познато што значи кратенката СС. Бебето Душан Ристов ќе се роди како доктор (ДР), а Урош Чупиќ за цел живот ќе биде ученик или училница (УЧ).

3. Замка на поправање

Многу убави имиња доведуваат до постојани грешки во пишувањето или изговорот. И Маријана и Марјана се одлични имиња за девојче, но првата верзија е многу повообичаена од втората (која и се изговара поразлично, со акцент на слогот „ја“). Слично поминува и Горјан, кој цел живот го мешаат со Горан. Овој проблем доведува и до грешки во документите кое детето ќе биде принудено да ги исправува целиот свој живот.

4. Замка на популарни имиња

Ако се одлучите за име кое во таа година е доста популарно, сметајте дека вашето дете ќе оди во градинка и понатаму во училиште со многу деца кои ќе имаат исто име како него или неа. Ако на сето ова се додаде и вообичаено презиме, постојат големи шанси дека децата ќе имаат исто име и презиме. Ако вашето презиме е невообичаено, морате да сметате на тоа дека ќе прерасне во прекар на вашето дете.

2-ime-koe-zhivot-znachi-kako-da-izberete-sovrsheno-ime-za-vasheto-bebe-www.kafepauza.mk_

5. Замка на брат или сестра

Некои имиња самите по себе се убави, но во комбинација со имињата на постарите деца, или имињата на родителите, може да звучат сосема поразлично. Марко и Славко се најочигледен пример. Марија и Магдалена може да звучат убаво заедно, но имаат и значење кое не треба да се занемари.

6. Замка на имејл адреса

Тешко е да замислите дека еден ден вашето слатко бебе ќе добие своја имејл адреса, но и тоа ќе се случи. Приватната адреса ќе може само да си ја избере, но компаниите во кои ќе работи најверојатно имаат едно заедничко правило за давањето на адресата, каде што може да се создаде замка. Константин Урошевиќ звучи многу убаво, но обидете се да му направите имејл адреса од првата буква од името и презимето, и моментално ќе се откажете од кое било име кое започнува на буквата К.

7. Замака на (не)познати имењаци

Внесете го целосното име и презиме на вашето дете во вашиот омилен интернет пребарувач. И овој чекор никако немојте да го прескокнете. Веројатно нема на вашето дете случајно да му дадете име и презиме по некоја ѕвезда која сите ја познаваат. Но, што ако некој крадец или убиец, за кого досега не сте слушнале, се вика така? Или пејач кој не го сакате и не го следите? Порно ѕвезда? Такво име сигурно не сакате да му дадете на вашето дете!

8. Замка на значење

Немаат сите имиња убаво значење, а особено не на сите јазици. Убавото женско име Галина на италијански значи кокошка. Касандра е име со грчко потекло и значи заводничка, а Јулија од латински се преведува како човек со брада. Емилија е ривал, а Томислав значи близнак.

За крај, погледнете и што ќе се случи доколку му дадете на вашето бебе уникатно име!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар