Доколку таа ги поседува овие 12 квалитети, тогаш не си дозволувајте да ја изгубите - Part 2

Доколку таа ги поседува овие 12 квалитети, тогаш не си дозволувајте да ја изгубите

2-dokolku-taa-gi-poseduva-ovie-12-kvaliteti-togash-ne-si-dozvoluvajte-da-ja-izgubite-kafepauza.mk

7. Таа ви создава чувство како да сте дома

Да се биде заљубен, навистина заљубен, е исто како за прв пат во животот да го најдете вашето совршено место на овој свет. Доколку погледнете во нејзините очи и можете да ја забележите нејзината душа како се отсликува во нив, тогаш вие сте дома. Немојте никогаш да си одите.

8. Таа нема проблем да ви кажува дека не сте во право

Секој маж има потреба од жена која ќе му посочи кон неговите глупости. Одвреме-навреме, мажите имаат уникатна способност да направат претерано лоша одлука или некоја глупост. Доколку сте нашле девојка која е подготвена активно да ве следи и која ќе ви кажува кога би можеле да направите грешка, тогаш со сигурност побезбедно ќе се движите низ животот.

9. Таа е силна, но женствена

Сите луѓе имаат различен вкус кога станува збор за жените кои ги привлекуваат, но едно нешто е заедничко кај сите. Мажите ја обожаваат комбинацијата на силина и женственост. Силната жена е партнерка која секој маж треба да ја има, а женствената жена е… Па, едноставно жена. Овие две нешта можат да се најдат кај жената која знае како да го одржува својот став и која истовремено е горда на себе.

10. Таа е страсна

Животот исполнет со страст е живот кој вреди да се живее. Но, доколку сте сами тогаш ова е скоро невозможно да се оствари. Страста постои помеѓу две нешта, најчесто помеѓу две индивидуи. Убавината на страста е дека таа понекогаш е заразна, па доколку вашата партнерка ја поседува, со сигурност ќе ви ја пренесе и вам.

11. Таа има свои цели

Некои мажи сакаат својата жена да се грижи само за домот и децата. Постојат и жени кои го сакаат тоа. Но, тоа не значи дека таа не треба да има свои цели. Дури и да не сака да гради своја кариера, погрижете се дека таа има живост во себе која ќе ја води кон своите цели.

12. Таа ви значи сè на овој свет

Понекогаш сакаме одредена личност повеќе отколку што сме можеле да замислиме дека е можно. Да бидеме искрени, не ви е потребна причина за љубовта. Доколку ја сакате и не можете да го замислите вашиот живот без неа, тогаш едноставно не си дозволувајте да ја изгубите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. a3 Reply

    ete sum haha

Остави коментар