9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

5. Небо покрај река

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Оваа вежба е одлична за согорување на масните наслаги на стомакот и е добра за ‘рбетот и крвотокот. Исто така ја буди вашата имагинација и го смирува умот.

  • Легнете на грб на тврда површина и опуштете го телото.
  • Спојте ги дланките зад главата.
  • Полека исправете го телото во седечка позиција.
  • Продолжете да се наведнувате напред кон нозете колку што можете.
  • Кога ќе почувствувате истегнување, замислете си дека стоите покрај река. Ја гледате и се растворате во неа.
  • Бавно вратете се во почетната положба. Запомнете го чувството на растворување.
  • Погледнете нагоре и замислете си дека го гледате небото.

6. Лоза

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Оваа вежба ги намалува болките во грбот и нозете.

  • Застанете исправено.
  • Бавно масирајте ја половината и замислете си дека вашето тело станува флексибилно.
  • Нежно наведнете се напред и обидете се да ја допрете земјата.
  • Вратете се во почетната положба и нежно навалете се назад колку што можете.
  • Вратете се во почетната положба и нежно навалете се лево и десно.
  • Вратете се во почетната положба и релаксирајте се.

7. Лак

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Оваа вежба е одлична за масните наслаги на колковите, ја намалува болката во долниот дел од грбот, ги отвора колковите и го подобрува дишењето.

  • Застанете на вашите колена.
  • Свиткајте го грбот назад и фатете ги глуждовите со дланките.
  • Останете во положбата 5 секунди и вратете се во почетната положба.
  • Направете до 10 повторувања, во зависност од вашата физичка форма.

8. Вежби за жени со проблеми со јајниците

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Оваа вежба ги истегнува колковите, стомакот и грбот, ја намалува напнатоста во јајниците, ги масира и стимулира органите во стомакот, создава емоционална рамнотежа, го намалува стресот и го смирува умот.

  • Застанете на сите четири. Дланките треба да бидат под рамената, а колената под колковите.
  • Замислете си права линија што ги поврзува вашите рамена и колкови. Издолжете го вратот.
  • Издишете и свиткајте го грбот кон таванот. Рамената и колената не треба да ја променат положбата. Навалете ја главата напред.
  • Вдишете и вратете се во почетната позиција.
  • Повторете до 20 пати.

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Оваа вежба ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува колковите, нозете и задникот и ослободува од констипација. Одлична е за жени со проблеми со матката и јајниците.

  • Легнете на стомак. Поставете ги рацете покрај телото со дланки свртени кон земјата. Нозете нека бидат на растојание од 15 центиметри.
  • Истегнете ја ногата и кренете ја 15 центиметри. Не мрдајте ја другата нога.
  • Држете ја положбата неколку секунди и вратете се во почетната позиција.
  • Направете до 50 повторувања со секоја нога.

Пробајте ги и овие лесни јога вежби за истегнување на целото тело.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар