9 формули за модни комбинации кои секогаш изгледаат добро

5. Иако зимските денови се зад нас, некои омилени џемпери сѐ уште можете да ги искористите. Во комбинација со тесни фармерки и чевли со висока потпетица ќе добиете совршен изглед.

6-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

6. Бидејќи тегетот е новата црна за на оваа сезона, една монохроматска модна комбинација во оваа боја ќе биде одлично решение за многу прилики кога нема да знаете што да облечете, а потребен ви е пристоен, ненападен и впечатлив изглед.

7-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

7. Доколку одите на некој настан, а знаете дека ќе се појавите на само неколку минути или половина час и дека нема да ја соблекувате јакната, тогаш имаме одличен предлог. Искористете ги чизмите над колена и облечете некој пократок фустан кој секако нема ни да се гледа и преку целата комбинација додајте мантил што ќе го заврзете околу струкот. Потребна ви е само уште една поголема чанта и спремни сте.

8-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

8. Белата блуза, фармерките со рамен крој и кожната јакна преку целата комбинација е сето она што ви е потребно за да излезете од домот полни со самодоверба, бидејќи знаете дека изгледате одлично.

9-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

9. Ова е можеби за посмелите, но и за девојките кои сакаат винтиџ стил. Плисирано здолниште, оксфордки, и уште еден широк џемпер, ќе создадат модна комбинација која навистина ќе ви даде еден совршен изглед.

10-9-formuli-za-modni-kombinacii-koi-sekogash-izgledaat-dobro-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар