20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа - Part 2

20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

11. Имате самодоверба

Имате доволно самодоверба за да не бидете арогантни или игнорантни. Кон никого нема да се однесувате надмено. Постојано ги инспирирате луѓето, но и дозволувате да бидете инспирирани.

12. Секогаш сте биле борци

Кога паѓате не останувате на земја, се исправате и задавате удари. Сетете се на таквите моменти кои ќе ве потсетат дека сте успешни.

13. Дисциплинирани сте и одговорни

Не барате изговори туку наоѓате начини. Не можете да ги поднесете оние кои одлагаат и секогаш наоѓаат изговор за неуспехот да не биде нивна вина. Верувате дека постои судбина, но секој од нас одбира дали ќе се помачи или ќе одбере да чека на готово – тука секој има избор.

14. Знаете да речете „не“

Не чувствувате потреба да им угодувате на луѓето бидејќи знаете дека тоа никогаш нема да го постигнете. Кога ситуацијата налага така, ќе речете „не“.

15. Имате успешни пријатели

Наголемо сме под влијание на луѓето со кои често сме опкружени. Доколку вашите пријатели се одговорни, дисциплинирани и успешни, токму такви вибрации добивате секојдневно.

16. Не ја наоѓате вината во другите

Што и да се случи, прво прстот ќе го вперите кон себе бидејќи само така може да научите од своите грешки и да се подобрите во иднина.

17. Не си го губите времето

Наместо да ги влечете часовите вие одбирате продуктивност. Неретко другите ви се восхитуваат како е можно така да го користите времето. Вие знаете колкава е вредноста на времето, иако понекогаш уживате да се опуштите не правејќи ништо. Сепак, времето кое уживате да го губите не е залудно губење време.

18. Се грижите за своето здравје

Знаете дека здравата исхрана, движењето, неодлагањето на лекарските прегледи е здрав начин на живот кој ќе ви обезбеди подобро функционирање. Што и да ви се случи и колку и да сте зафатени, нема да заборавите на своето здравје.

19. Зрели сте

Чувствувате дека созревате и согледувате промена во вашиот начин на однесување како и стил на живот од порано. Знаете дека успехот не е нешто што се проценува само материјално, тоа едноставно е начин на живот.

20. Исполнети сте

Многу често ви се случуваат оние моменти кога задоволно воздивнувате и уживате во она што го работите. Честитки!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар