11 момци ги опишуваат најлошите искуства од љубовни состаноци со девојки - Part 2

11 момци ги опишуваат најлошите искуства од љубовни состаноци со девојки

6. Турна нешто и не се загрижи за тоа

„Мојот состанок беше вистинска комедија. Кога одеше накај тоалетот, таа турна сад со мраз и воопшто не се загрижи околу тоа, туку продолжи понатаму. Јас станав и го кренав садот од подот. Бев изненаден колку некој може да биде неодговорен. Таа не ми се допадна, па после тоа никогаш повторно не стапив во контакт со неа.“

7. Таа имаше секс со мојот цимер

„Имавме состанок кој помина супер, а потоа се договоривме да одиме кај мене. Таа ме праша дали може да повика пријателка, на што се согласив, за да има друштво и за цимерот. Отидовме кај нас и бев до тоалет, по што цимерот ми кажа дека девојката со која бев на состанок се обидела да го бакне. Му реков да си ја проба среќата, па јас и нејзината другарка седевме и разговаравме на банални теми додека ги слушавме како имаат секс во другата соба.“

11 момци ги опишуваат најлошите искуства од состаноци со девојки

8. Ме нападна дека сум ја измамил

„Една девојка инсистираше дека е измамена од моја страна затоа што во живо сум изгледал неколку килограми потежок отколку на фотографијата.“

9. Не ми кажа дека живее со мајка ѝ, сестра ѝ и децата

„Ме покани да излеземе, се согласив, па испивме по некоја пијачка. Таа беше тивка речиси цела вечер, но ми се допадна. Потоа ме покани кај неа. Стигнавме и сите беа таму! Нејзината мајка, сестра ѝ и нејзините деца, кои воопшто не ги ни спомна. Се збунив, таа живее со мајка ѝ. Предложи да одиме во нејзината соба и да гледаме филм. Таа буквално ги исфрли децата оттаму и ја затвори вратата. Веќе испаничив што заглавив со неа, бидејќи немав автобус до следното утро, ниту пак можев да се јавам некому за да ме земе. Го изгледавме филмот и продолживме да разговараме додека да си заминам.“

11 момци ги опишуваат најлошите искуства од состаноци со девојки

10. Мислам дека сакаше да забремени

„Бевме на состанок и иако се знаевме прекратко, таа предложи да одиме кај мене. По патот ми раскажа дека нејзиниот татко е болен и дека таа сака да му подари внуче пред тој да почине. Само ѝ реков дека јас не сум за тоа, ја свртев колата и ја вратив дома.“

11. Ја однесов на состанок со друг

„Ми се допаѓаше девојката, па ја поканив да дојде со пријателка. Потоа, таа предложи да одиме да слушаме еден добар бенд, што на крај излезе дека е момче кое пее караоке. Момче во кое очигледно таа беше вљубена и сакаше да го види, но немаше автомобил за да стигне сама.“

Потсетете се и на овие 14 важни правила за првиот љубовен состанок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар