10 навики што ќе направат да размислувате позитивно секој ден - Part 2

10 навики што ќе направат да размислувате позитивно секој ден

6. Контролирајте ги негативните мисли

Иако понекогаш е тешко да се ослободите од лошите мисли, сепак обидете се да не да им допуштите да владеат со вас. Можеби на почетокот ќе ви изгледа речиси невозможно да им се спротивставите, но со време ќе научите како да ги контролирате. Тоа може значително да влијае врз вашиот живот.

10 навики што ќе направат да размислувате позитивно секој ден

7. Стекнете навики за здрава исхрана

Дали верувате дека вашата исхрана може да го контролира и поттикне позитивното размислување? Не впуштајте се во диети што ви нудат совети за губење на тежината, што од друга страна е на краткорочен план. Напротив, на вашето тело му е потребна здрава храна и урамнотежена исхрана што ќе ви помогне да го одржувате како физичкото, така и менталното здравје.

8. Поминувајте време надвор

Кога сте надвор во природа, едноставно нема простор за негативните мисли. Природата и нејзиниот раскош можат да го зголемат вашето расположение. Секогаш кога се чувствувате потиштено и навредено, доволно е да излезете на свеж воздух.

9. Почесто изразувајте благодарност

Престанете да се жалите за работите што ги немате и наместо тоа, почнете да бидете благодарни за тоа што го поседувате. Секогаш кога изразувате благодарност вие зрачите со позитивна енергија која универзумот но и луѓето околу вас ќе знаат да ја препознаат.

10. Грижете се повеќе за себе

Доколку сакате да го поттикнете позитивното размислување, морате да се грижите повеќе за себе. Тоа најчесто подразбира грижа за вашите потреби. За некои тоа може да биде одење во кино или убава вечера. За други пак, може да биде масажа. Кога ќе одвоите време да се негувате себеси ќе се чувствувате подобро. Затоа, не заборавајте ги оние мали нешта што ве прават посреќни, бидејќи благодарение на нив ќе имате пооптимистички поглед кон животот.

Откако откривте кои навики можат да ви помогнат да размислувате позитивно, прочитајте го и советот на психолозите според кој можете да ја пронајдете среќата доколку го смените начинот на размислување.

Извор: powerofpositivity.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар