Го однесов во новиот трговски центар, а тој сакаше да бега, па на грбот му ставив ранец со врвка. Во една продавница се пикна во сталак на вртење. Јас се обидов да го извлечам надвор со врвката ама тој не сакаше да излезе. Тогаш забележав дека го симнал ранецот и го закачил на оската за вртење, а тој отишол во соседното бифе каде што јадеше компирчиња.
За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Остави коментар