17 моќни жени за кои сигурно не сте слушнале оваа година - Part 3

17 моќни жени за кои сигурно не сте слушнале оваа година

12. Пеги Витсон, која на 56 години станала најстарата жена што била во вселената

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

Витсон, која претходно два пати патувала во вселената, пристигнала во меѓународната вселенска станица во ноември. Таа на Твитер, каде што ги споделува своите авантури со нејзините следбеници, препорачува луѓето да бидат позитивни и да го даваат најдоброто од себе.

13. Решма Куреши, жена која преживеала напад со киселина и се вратила на модната недела во Њујорк

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

„Зошто да не уживаме во нашите животи? Она што ни се случува нам не е наша вина и не сме направиле ништо лошо, па затоа треба да продолжиме напред во животот“, вели таа.

14. Тимот за заштита составен од жени кои ја чувале Камила, војвотката од Корнвол, во посета на Обединетите Арапски Емирати

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

Тимот составен од пет жени бил избран за заштита на војвотката, а порано оваа година, три од нив исто така се искачиле и на Монт Еверест.

15. Домородните жени и девојки во Америка протестираат за цевководот за заштита на нивната земја

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

„За мене, ова е основна врска помеѓу нас како домородно население и нашата татковина“, вели Адриен Кин, професорка.

16. Илјадници жени во Исланд кои ја напуштија работата во 2:38 во знак на протест поради разликата во платите помеѓу половите

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

Тие сметаат дека работното време треба да им трае до 2:38 часот, според тоа колку се платени во однос на мажите.

17. Тес Асплунд, жената која стои пред 300 нео-нацисти во Шведска

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

„Тоа беше импулсивно. Бев многу лута и излегов на улица“, вели Асплунд. „Јас помислив: Не, тие не може да одат овде! Имав адреналин. Овде нема да маршираат нацисти, тоа не е во ред.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар