17 моќни жени за кои сигурно не сте слушнале оваа година - Part 2

17 моќни жени за кои сигурно не сте слушнале оваа година

7. Трите судијки кои обвиниле командант за грабнувања извршени од страна на неговите војници за време на конфликт

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

Трите судијки откриле дека поранешниот потпретседател на Конго, Жан Пјер Бемба е виновен за убиство и грабеж за време на конфликтите во Централно Африканската Република во периодот 2002-2003 година.

8. Негин Кпалвак, 19-годишна девојка која предводи авганистански женски оркестар, ризикувајќи си го животот

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

Имено, ова е првиот женски ансамбл во историјата на оваа земја. Тие сакаат да ги променат традиционалните сфаќања во нивната земја и да ја подигнат свеста за проблемот со правата на жените. Негин, која била избегнувана од страна на нејзиното семејство и добила смртни закани поради нејзината улога, изјавила:

„Никогаш нема да го прифатам поразот. Ќе продолжам да свирам. Не се чувствувам безбедно, но кога луѓето ќе ме видат и ќе кажат ‘Ова е Негин Кпалвак’ тоа ми дава енергија.“

9. Маминиџама Мајмуру, тинејџерка кој ги руши стереотипите

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

Оваа 19-годишна девојка е првиот модел кој ја претставува Северната територија на натпреварот за мис во Австралија. Таа ги крши стереотипните сфаќања за убавината која се поврзува со руса коса и сини очи.

10. Ибитхај Мухамед, натпреварувачка во мечување која стана првата американска спортистка која учествува на Олимписките игри со хиџаб

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

Мухамед изјавила дека била подложна на расистичка злоупотреба поради нејзината боја на кожа и религијата.

11. Јасра Мардини, сириски спасувач на бегалци

17 силни жени за кои сигурно не сте слушнале во 2016 година

Мардини еднаш го ризикувала нејзиниот живот пливајќи три часа за да спаси 20 бегалци при нивното патување низ Средоземното море до Европа.

Преминете на последната страница за крајот на листата…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар