14-те најчудни работи пронајдени на Google Maps

8. Колекција од авиони

(8)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Разни видови авиони се сместени во Музејот на воздухопловството во Белград. Посетителите може да шетаат низ музејот и одблизу да ги разгледуваат авионите. Музејот има повеќе од 200 летала.

9. Фабрика за сол како уметничко дело

(9)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Ова е мало село во Нигер, со население од 50 семејства. Главното занимање на луѓето е вадење сол од вировите полни со кал. Секој вир се полни со вода и во него се става посебна глина која содржи сол. Солената вода се отпушта и се филтрира. Солените кристали стануваат видливи штом ќе испари водата.

10. Турско знаме во Кипар

(10)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Огромното турско знаме е нацртано на планината Киренија. До него се наоѓа мотото на републиката: „Колку е среќен оној кој може да каже јас сум Турчин!“ Ова е цитат од говорот на Мустафа Кемал Ататурк кој го држел на 10-тиот роденден на Република Турција.

11. Вселенски брод

(11)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Оваа локална атракција се наоѓа во Тексас и е наречена Куќа на иднината (Futuro House). Дизајнирана е од финскиот архитект Мати Суронен во 1960-тите. Овој дизајн бил многу познат и ја претставувал надежта на луѓето за идните технологии. Денес постојат околу 30 вакви куќи во различни делови од светот.

12. Што ги дели Антарктикот и Јужна Америка?

(12)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Некои научници веруваат дека континентите биле поделени од огромен метеор кој ја погодил Земјата. Кога подобро ќе ја погледнете фотографија, теоријата изгледа многу вистинита.

13. Човекот од Австралија

(13)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Овој човек се гледа дури и од вселената. Всушност ова е обичен понтон за деца и е дел од малиот забавен парк кој се наоѓа на брегот.

14. Огромен рак

(14)14-te-najchudni-raboti-pronajdeni-so-google-maps-kafepauza.mk

Оваа сателитска фотографија од огромниот рак на брегот на Витстејбл во Англија стана позната веднаш откако беше споделена на Интернет.