15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Гудридс - Part 3

15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Гудридс

11. „Писма од Дедо Мраз“ – Џ. Р. Р. Толкин (Letters from Father Christmas)

15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Goodreads

Секој декември, во домот на авторот Толкин стигнувало писмо од Северниот пол адресирано до неговите деца. Во писмата имало неверојатни приказни за животот на Дедо Мраз. Собрани заедно со неверојатни илустрации, ова се приказни за целото семејство.

12. „Божиќните чевли“ – Дона Ванлиер (The Christmas Shoes)

15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Goodreads

Во оваа трогателна божиќна приказна, еден адвокат кој е опседнат со неговата работа може да го загуби неговото семејство. Тој среќава младо момче чија мајка умира од рак. Оваа средба ги менува нивните животи и ги учи за човечноста и љубовта.

13. „Божиќното чудо на Џонатан Тумеј“ – Сузан Војчиечовски (The Christmas Miracle of Jonathan Toomey)

15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Goodreads

Во овој божиќен бестселер се раскажува за еден осамен столар. Неговиот живот се променува кога ќе му пријдат една вдовица и нејзиниот син со предлог кој ќе се претвори во вистинско чудо. Ова е приказна за болката и исцелувачката моќна празниците.

14. „Божиќ на Херкул Поаро“ – Агата Кристи (Hercule Poirot’s Christmas)

15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Goodreads

Семејството Ли се собира за Божиќ, но настанува вистински пресврт кога ќе го најдат Симеон Ли мртов. Секој од присутните може да биде виновен, но за среќа овде е и Херкул Поаро кој може да го најде вистинскиот убиец.

15. „Најглупавиот ангел: Топла приказна за божиќен ужас“ – Кристофер Мур (The Stupidest Angel: A Heartwarming Tale of Christmas Terror)

15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Goodreads

Кристофер Мур навистина го доловил божиќниот дух во оваа книга. Откако 7-годишниот Џош гледа како Дедо Мраз го удираат со лопата по глава, тој има само една желба – да го врати Дедо Мраз во живот. На случајот работи архангел Разиел, чија мисија резултира со најлудата божиќна забава во градот.

Погледнете ги и книгите кои ќе го променат вашиот поглед кон светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар