Неделен хороскоп од 5 до 11 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 5 до 11 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Тешкотиите низ кои минувате моментално ќе се одразат и врз вашите лични односи. Можете да реагирате така што ќе се обидете да избегате, да се соочите или пак иронично да се насмевнете. Сепак, не заборавајте дека љубовта и меѓусебната доверба ќе ви пружат сила и енергија за да се соочите со сите предизвици.

Кариера: Ве очекуваат мали битки чиј исход зависи од вашата способност да соработувате со другите. Како ќе се справите со барањата што ви се поставуваат ќе зависи од вас. Бидете професионални и трпеливи.

Неделен хороскоп од 5 до 11 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Овие денови ќе зрачите со самоувереност со што ќе ги привлечете и оние кои нормално не се наклонети кон вас. Така, доколку барате сродна душа доволно е да ѝ се препуштите на вашата самодоверба. Набргу работите ќе се одвиваат во ваша корист.

Кариера: Конечно ќе ги добиете информациите кои долго време ги очекувавте. Благодарение на нив ќе ви се разјаснат одредени недоразбирања на работа, но и полесно ќе ја сфатите природата на сопствените задачи и обврски.

Стрелец

Љубов: Нема причина да бидете незадоволни иако ќе сметате дека сте можеле да направите многу повеќе. Сега ќе ги насочите сите напори кон зацврстување на она што сте го постигнале во приватниот живот.

Кариера: Ве очекува толку многу работа што понекогаш ќе биде речиси невозможно да најдете време за одмор. Згора на тоа, она што најмногу ќе ве нервира е фактот дека некои од вашите колеги или соработници ќе ги запоставуваат своите обврски. Обидете се да ги насочите во вистинската насока и навремено да им укажете за сите пропусти.

Јарец

Љубов: Околностите во приватниот живот ќе ви одат во прилог. Некој од блиските ќе ве поддржи, иако повремено ќе има вербални недоразбирања. Ќе се појават и многу убави љубовни можности за оние кои не се во врска.

Кариера: Два чекори напред и еден назад. Така би можеле да ја опишете работната недела што ви претстои. Затоа, добро би било да размислите дали вашите планови и амбиции се реални.

Водолија

Љубов: Ќе почнете да ги криете своите вистински чувства, а тоа понекогаш може да предизвика конфузија во односите со другите. Освен тоа, погрижете се да не пропуштите добра љубовна можност доколку продолжите со таквиот став.

Кариера: Ви претстои добра деловна иднина и ви останува уште малку време за да ги завршите сите подготовки. Сепак, тие нема да бидат целосно завршени оваа недела. Но, не дозволувајте тоа да ви пречи бидејќи нештата веќе се одвиваат многу подобро отколку што самите очекувавте.

Риби

Љубов: Како што одминува неделата ќе забележите дека вашите лични односи сè повеќе ќе почнат да се подобруваат. Ова ќе ве поттикне да бидете похрабри и поотворени во односите кон другите.

Кариера: Ви претстојат динамични денови на работа. Ќе можете да се поврзете со луѓето и новите колеги многу подобро и побрзо отколку што замислувавте. Почесто ќе разменувате идеи со нив и самоуверено ќе го искажувате и сопственото мислење.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и финансискиот хороскоп за септември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар