Неделен хороскоп од 10 до 16 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела? - Part 2

Неделен хороскоп од 10 до 16 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Вага

Љубов: Безбедноста и стабилноста на личните односи ќе ви станат важни во љубовниот живот. Енергијата ќе ја насочите кон постигнување на гореспоменатото, а партнерот ќе биде пријатно изненаден. Оние кои сè уште не се во врска сега ќе избираат само сигурни опции.

Кариера: Нема да бидете задоволни со приходите бидејќи ќе сметате дека можете повеќе. Освен тоа, надворешни околности ќе ги наметнат ограничувањата и никој засега нема да може да ги забрза работите. Обидете се на објективен начин да им пристапите на нештата и ќе увидите дека постои излез.

Неделен хороскоп од 10 до 16 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Скорпија

Љубов: Ве очекуваат убави настани на личен план. Така, многумина од вас ќе блескаат на разни друштвени собири, каде што ќе имаат можност и да стекнат нови познанства.

Кариера: Секој ден ќе се зголемуваат работните задач што треба да го извршите, а тоа ќе значи и вложување поголеми напори. Можеби ќе бидат строги критериумите, но не плашете се – ги имате сите квалитети за успешно да направите сè што треба да се направи. Потребна ви е само добра организација.

Стрелец

Љубов: Ќе бидете подготвени да се борите за вас двајца до крај. Оние кои се во стабилни врски ќе се погрижат секој момент да биде исполнет, но и добро организиран. Оние кои сè уште бараат сродна душа ќе бидат многу упорни во потрагата.

Кариера: Би сакале да го промените вашиот систем на оценување на луѓето, па така ќе работите на тоа. Овој пат вашите критериуми ќе бидат повисоки, а ќе бидат придружени со вашата поголема отвореност кон другите. Меѓу другото, јасната комуникација ќе ви помогне да склучувате и полесно да ги следите новите деловни договори.

Јарец

Љубов: Овие денови ќе постанат динамични благодарение на многуте состаноци кои ве очекуваат. Освен тоа, речиси воопшто нема да се почувствувате сами бидејќи во најголем дел од времето ќе бидете опкружени со вашите сакани.

Кариера: Работното место ќе биде забавно и прилично опуштено, а тоа навистина ќе ви се допадне. Ве очекуваат и нови работни задачи, но ништо нема да ви биде тешко. Напротив.

Водолија

Љубов: Ќе бидете сигурни во чувствата и без разлика на надворешните околности кои нема да бидат совршени, нема да дозволите ништо да ве оттргне од љубовниот пат. Така, освојувачите ќе настапат со голема самодоверба, а оние кои се во врска ќе го поттикнат партнерот да има позитивен став.

Кариера: Околностите, луѓето и настаните ќе ве поттикнат да работите колку што е можно повеќе на професионалниот развој. Не одбивајте ги информациите и поддршката од пријателите кои ќе ви бидат неопходни за остварување на вашите деловни цели.

Риби

Љубов: Најдобро ќе се чувствувате во сопствениот дом или во друштво со луѓе кои ги познавате и сакате. Затоа, нема да бидете премногу отворени за нови познанства. Во такви околности, веројатно е дека сè ќе остане горе-долу како што е.

Кариера: На работа ве очекуваат нови можности за развој на одредени вештини. Не двоумете се и веднаш искористете ги бидејќи ќе ви бидат многу корисни во блиска иднина.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за октомври.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар