Неделен хороскоп од 10 до 16 јануари: Време е да се соочиме со вистината - Part 2

Неделен хороскоп од 10 до 16 јануари: Време е да се соочиме со вистината

Вага

Можеби досега немавте можност да се фокусирате на домот како и на сопственото здравје, но ќе можете да го направите тоа во текот на следните денови. Периодот што следува е и одлично време да се организирате себеси и вашите планови. Ова исто така е и идеален момент за креативни потфати во рамките на домот.

Неделен хороскоп од 10 до 16 јануари: Време е да се соочиме со вистината

Скорпија

Кој може да ве запре доколку сакате да уживате во животот, макар и повеќе од вообичаеното? Најверојатно никој не може да ве спречи во тоа, освен вие самите. Треба да елиминирате одредени работи од вашето секојдневие ако сакате да одите напред и само вие знаете што е тоа што може да ве задоволи.

Стрелец

Оваа недела ќе дојде до израз вашата креативност и најверојатно ќе ја искористите во насока на преуредување на домот. Искористете го максимално поривот за творење и креирање кој дефинитивно ќе вроди со плод.

Јарец

Одвреме-навреме ќе се наоѓате во ситуација кога ќе се прашувате дали сте на вистинскиот пат и дали сте со вистинската личност. Во последно време сте под притисок, а тоа ве принудува да направите чекор назад за да го преиспитате вашиот живот. Оваа недела ќе си поставите важни прашања и иако нема да можете да ги одговорите сите, сепак тоа ќе ви даде можност за самоанализа и ќе ве поттикне да се осознаете подобро себеси.

Водолија

За прв пат по долго време ќе наидете на поддршка од сите луѓе во вашата непосредна близина, без разлика дали станува збор за љубовниот или професионалниот живот. Сите ќе бидат на ваша страна, подготвени да ви помогнат во реализацијата на вашите планови. Доволно е да возвратите со искрено чувство на благодарност.

Риби

Вашиот начин на работа ќе наиде на несогласување од страна на колегите, и додека продолжувате со нешто што веќе знаете дека не е она што сите други го посакуваат, сепак, работите за доброто на сите и сфаќате дека вашата работа во моментот може да влијае врз иднината. Не грижете се бидејќи сте на вистинскиот пат. Продолжете да зрачите со самодоверба.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп од 10 до 16 јануари, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за јануари 2022 година.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар