Неделен хороскоп од 10 до 16 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 10 до 16 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Оваа недела ве очекуваат одлични вести: од вторник планетата Венера повторно ќе биде активна во вашиот знак, подготвена да ви го исполни вториот дел од месецот со љубов и страст! Особено романтични ќе бидат деновите петок и сабота, кога ве очекуваат убави моменти со партнерот. На работа ќе се чувствувате малку повеќе уморни.

Неделен хороскоп од 10 до 16 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Оваа недела конечно можете да здивнете! Од вторник планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак, а во љубовта ќе можете да го пронајдете мирот што ви недостасуваше последните недели. Сепак, планетата Меркур ќе остане во опозиција, а тоа може да донесе одредено забавување на работата. Вашите среќни денови ќе бидат среда и четврток.

Стрелец

За жал оваа недела планетата Венера ќе биде во опозиција со вашиот знак. Од вторник за вас започнува прилично комплициран период на чувства, кој ќе ве натера да се запрашате дали личноста до вас е вистинската личност за вас. Ако не сте во врска, од друга страна, можеби ќе стекнете нови познанства, но не правете ништо избрзано и непромислено.

Јарец

Опозицијата на Марс сè уште ви влијае при што се чувствувате уморни или под стрес. Сепак, благодарение на планетата Меркур наскоро ќе ги видите резултатите од сите ваши напори, затоа не се откажувајте!

Водолија

Од вторник планетата Венера конечно ќе престане да ви се меша во љубовниот живот при што љубовта ќе стане вистинскиот протагонист во наредните недели. Петок и сабота ќе бидат два романтични и среќни дена. На професионален план ве очекуваат нови предизвици кои ќе ги надминете само со труд и работа.

Риби

Оваа недела планетата Венера ќе престане позитивно да влијае врз вашиот љубовен живот. Што и да се случи, намалете ги тензиите, спречете ги можните расправии и посветете се на зајакнување на односите. Од друга страна, атмосферата на работа ќе биде исклучително поволна бидејќи ќе имате можност да склучите договори со кои би можеле да поставите цврсти темели за во иднина.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе мора да се соочат со своето минато во април.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар