Кадифе, животински принт и пердуви: Совршен есенски тренд за секој хороскопски знак

Вага: Кадифе

Вагите се родени дипломати, а познати се и како знак кој ги цени убавите работи. Затоа за нив најдобар есенски тренд ќе биде кралското кадифе и тоа во вид на некое елегантно парче облека, како на пример сако.

8-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Скорпија: Долна облека како облека

Скорпиите добро ги знаат сите тактики на заведување во секоја прилика и во секоја доба од денот, па облеката која потсетува на долна облека е идеалниот есенски тренд за нив. Изберете секси фустан во вид на ноќница или сатенска кошула и облечете ја врз обична блуза, џемпер, маица…

9-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Стрелец: Чизми над колена

Жените родени во овој знак се авантуристи и поголемиот дел од денот сакаат да го минуваат надвор од домот. Затоа овие практични чизми, кои и визуелно ќе ги издолжат нивните нозе, се одличен есенски тренд за нив.

10-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Јарец: Карирано сако

Безвремената класика за оваа есен е во центарот на вниманието, а е совршен избор за амбициозните Јарци кои покрај сѐ, сакаат да изгледаат успешно.

11-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Водолија: Пердуви

Водолиите ја ценат индивидуалноста и сакаат да остават впечаток каде и да се појават. За тоа оваа сезона ќе се погрижат пердувите, особено доколку се наоѓаат на обувките.

12-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Риби: Бохо фустан

Носталгичните Риби обожаваат винтиџ облека, па сигурно омилениот есенски тренд за нив ќе бидат долгите, лелеави бохо фустани.

13-kadife-zhivotinski-print-i-perduvi-sovrshen-esenski-trend-za-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Бидејќи ни доаѓа есента, а температурите надвор се намалуваат, откријте каков капут најдобро му прилега на вашиот хороскопски знак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар