Хумористичен и саркастичен приказ на карактерните црти на секој хороскопски знак - Part 2

Хумористичен и саркастичен приказ на карактерните црти на секој хороскопски знак

Хумористичен и саркастичен приказ на карактерните црти на секој хороскопски знак

Вага

Нарцисоидни шизофреничари, огледалото им е најдобриот пријател, потполно нестабилни, им треба цела недела за да одлучат дали да нарачаат кока-кола или пепси. Овие личности се толку мрзливи што е чудо како воопшто стануваат од креветот. Припадниците на овој хороскопски знак се бездушни, без срце и без крв и знаат да сакаат само ако сте финансиски стабилни или ако сте на некоја функција. Зборот пријател не постои кај Вагите и колку и да им се отворите, не го очекувајте истото од нив затоа што тие може само внимателно да ве слушаат, а да не кажат ништо за себе.

Вагите претпочитаат 1.000 убави лаги отколку една болна вистина затоа што тие се најуспешни во лажењето, дури и кога се лажат самите себеси.

Скорпија

Самоуништувачи и самосожалувачи кои не можат сами да ја поднесат својата болка, па затоа повлекуваат уште 100 луѓе со себе. Ако утре е крајот на светот, тие нема да бидат шокирани и веројатно ќе го дочекаат уживајќи во оргии. Не се плашат од смртта и се палат на крв и на сè друго што предизвикува одвратност кај обичниот смртник.

Овие личности се многу љубоморни, а ако се без секс подолго време, тие се разболуваат психички и мислат дека некој им подготвува завера зад грб. Ако случајно се сретнете со добра Скорпија (ако воопшто постои таква), таа ќе ви понуди сексуални услуги.

Скорпиите се емотивно незрели, невоспитани, подли и одмаздољубиви личности кои не се срамат од ништо. Знаете како се однесува мало дете кога ќе му ја земете омилената играчка? Се лути, плаче, гризе и во тој момент ве мрази со целото битие од дното на својата душа.

Ваквите импулси ги контролираат Скорпиите во текот на целиот живот, а единствената работа што тие ја учат со текот на годините е да ги маскираат вистинските мотиви и причини. Без оглед на возраста, на зрелоста или на полот, кога длабоко гребете под таа површина која изгледа интелигентна, опасна или лукава, стигнувате до емоционално незрела личност која се однесува како петгодишно дете.

Но, не заборавајте дека тоа дете е злопамтило, нема да заборави, ќе направи план и ќе ви врати кога најмалку очекувате. Со Скорпијата мора да бидете поврзани, таа да биде единствената во вашиот живот и да ја сакате засекогаш.

Стрелец

Стрелците уживаат да им солат памет на другите, а нивниот ентузијазам е толку голем што веруваат дека можат да ги оживеат и мртвите – секако, само ако тие го сторат тоа. Не стапувајте во брак со Стрелец затоа што тој е убеден дека ве сака, но тоа ќе му помине за еден месец. Освен ако не сте доволно богати да го задржите или имате статус што му дава поголема моќ.

Жалосно е да го гледате Стрелецот како минува низ животот. Тој упорно одбива да сфати дека неговиот вредносен систем е тотално наивен и несоодветен. Му недостасуваат упорност и дисциплина, а кога станува збор за справувањето со пари, тука е најлош. Стрелецот едноставно нема чувство за материјална вредност, или има, но е болен, па претежно умира во беда и сиромаштија. Суровата вистина е дека единствената работа која го води напред низ животот е вербата во среќата.

Јарец

Верува во судбината до последниот здив, а зборот „извини“ не постои во неговиот речник. Можете да живеете со Јарецот цел живот, да бидете во брак со него, но никогаш нема да знаете што има да ви каже.

Јарците не знаат како да ги изразат чувствата со зборови, па наместо „те сакам“, ќе ве дочекаат со некој навредлив збор. Припадниците на овој хороскопски знак би ја продале душата за социјален статус. Јарецот е кукавица која бега без разлика колку е голем ризикот.

Ако успеете да го фатите Јарецот за да му се одмаздите, не очекувајте да видите страдање на неговото лице додека го газите затоа што тој не е во состојба да ги покаже своите емоции. Овие личности се премногу бавни и мрачни за да ја почувствуваат вистинската радост и задоволството во животот. Останете подалеку од оваа комплицирана фригидна кукавица, затоа што во одреден момент ќе сфатите дека доминира некој кој не е достоен и не може да ви даде ништо.

Водолија

Личност која се губи 500 пати во животот. Водолиите сакаат да бидат пријатели со сите, но на крајот ќе ги изневерат оние што направиле најмногу за нив. Овие личности секогаш го пикаат носот во приватниот живот на другите, па веројатно не ве изненадува фактот што, според статистиката, најмногу шпиони на ЦИА се родени во овој хороскопски знак.

Водолиите може да направат сè за пријателите, но ќе го пресметаат сето тоа. Своите лаги им ги подметнуваат на другите и живеат кратко затоа што животот без одговорност носи рана смрт.

Водолијата воопшто не се грижи за вас, таа не е заинтересирана за тоа што ќе кажете или што мислите за неа. Причината зошто таа воопшто е со вас е затоа што смета дека сте чудни и дека тоа е доволно за да ја освоите бидејќи таа се смета себеси за несфатена, посебна и извонредно вредна личност.

Риби

Припадниците на овој хороскопски знак не можат да сторат ништо без помошта на другите, па дури и најмалата ситница ја гледаат како крајна сензација и ги нервираат луѓето наоколу.

Кога се расположени, Рибите се занимаваат со туѓите проблеми, а потоа повторно паѓаат во депресија. Тие не лажат, тоа не е можно затоа што нивната вера не им го дозволува тоа.

Прочитајте кои се најкомплицираните хороскопски знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар