Хороскопските знаци рангирани според степенот на креативност - Part 2

Хороскопските знаци рангирани според степенот на креативност

7. Рак

Лесно може да го дефинирате уметничкиот стил кој го цените, но не секогаш сте креативни особено кога станува збор да направите нешто за себе. На пример, не ви претставува никаков проблем да изберете облека или постелнина за кревет од каталог бидејќи имате силно чувство за тоа што сакате. Истото се случува и кога се работи за избор на книга или филм. Сепак, ретки се оние од вас кои можат да се пофалат со креативност.

Хороскопските знаци рангирани според степенот на креативност

8. Овен

Вашата одлучност е таа што ве спречува да бидете креативни во животот. Вие постојано сакате да знаете зошто правите нешто ако нема друг мотив покрај создавањето само за себе. Таквата логика ве кочи да ја изразите својата креативност. Не дека не сте доволно способни да бидете креативни, туку најчесто ја покажувате креативноста само кога ве води некаква егзистенцијална, логична сила.

9. Девица

Знаете да бидете креативни само кога се работи за нешто важно. Ако се појави некаков проблем во вашето непосредно опкружување и некој треба да најде брзо решение за истиот, вие настапувате на сцена. Ако некој од вашите пријатели наиде на некаков проблем, вие сте првите кои предлагате решение. Кога станува збор за креативност, вие едноставно немате ниту време ниту желба. Сè додека вашите работи се под контрола, повеќе би сакале да го трошите времето консумирајќи ја туѓата уметност отколку да размислувате како да направите нешто самите.

10. Стрелец

Наместо да ги развивате своите креативни способности, вие сте повеќе склони кон тоа да ја впивате туѓата уметност, да собирате информации, да развивате врски и секогаш да го имате најинтересното мислење во друштвото. Не велиме дека не сте способни да бидете креативни, туку повеќето од вас се страсни читатели и љубопитни истражувачи на нови места.

11. Јарец

Понекогаш вашите нереални стандарди и идеи ве ограничуваат за вистински да ги развиете креативните способности. Еден од најголемите предизвици во животот ви е како да излезете од туѓите сенки (каде најчесто се сместувате) и да го пронајдете своето место. Не е во ваша природа да бидете особено креативни, но тоа ве прави исклучително добри технички писатели. Ваша особина е да собирате туѓи информации и да ги составувате на начин што другите ќе го разберат.

12. Лав

Вашиот хороскопски знак е најмалку креативен затоа што на моменти уметноста ви дава чувство на здодевност. Вие повеќе уживате во авантурите и искуствата надвор од границите на сопствените срца. Најчесто се обидувате да не претерате со размислувањето за одредени нешта, па така не сакате да седите со скрстени раце и да размислувате, а потоа да ги отелотворите мислите во нешто креативно. Вие сте практичен и приземјен хороскопски знак.

Откако откривте како се рангирани хороскопските знаци според креативноста, можеби сакате да дознаете и кои хороскопски знаци имаат oдлични вештини за решавање проблеми.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар