Лаура носи широка облека бидејќи никогаш не ѝ било удобно во колекциите од т.н. женска облека. Лаура, полот не го дефинира изборот на облеката. Секој може и треба да го носи она што му одговара на неговиот идентитет. Го имаш целиот бутик за да го најдеш она што ти се допаѓа, не само женската облека.
За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Остави коментар