Нова магична колекција од лакови за нокти

Нова магична колекција од лакови за нокти

Светски познатата компанија за производи наменети за грижа на ноктите, OPI, претстави две нови колекции кои ќе се појават на почетокот на следната година. За овие колекции, тие ги поставија двете славни личности, познати по својата опсесија за убавина, Кети Пери и Серина Вилијамс.

Инспириран од последниот албум на Кети Пери, Teenage Dream, колекцијата ќе го вклучува истоимениот cветкав, розов лак, сјајно-сребрениот Not Like the Movies, светкаво-синиот Last Friday Night и оној во боја на бобинка The One That Got Away.

Нова магична колекција од лакови за нокти
Last Friday Night, Not Like the Movies, The One That Got Away, Teenage Dream и Black Shatter

Уште поинтересни се двата лака кои ќе ги претставува тенисерката Серина Вилијамс на двата големи турнири следната година: едниот во златно-зелена боја Simply Smashing, а другиот Black Shatter – црн лак кој се става одозгора врз друг и самиот се распукува, правејќи магичен ефект.

Нова магична колекција од лакови за нокти
Simply Smashing и Black Shatter

Овој последниот ќе биде вклучен во двете колекции, кои ќе се продаваат по цена од 8, 50$, почнувајќи од јануари, 2011.

Погледнете како функционира само-распукувачкиот лак: