Кои се најчестите изговори на луѓето кои одлучуваат да продолжат со токсичната љубовна врска?

Кои се најчестите изговори на луѓето кои одлучуваат да продолжат со токсичната љубовна врска?

Дали некогаш сте биле сведоци на тоа како одредени луѓе се обидуваат да ја оправдат нивната токсична љубовна врска, а притоа ги жртвуваат здравјето и среќата? Во продолжение прочитајте кои се нивните најчести изговори.

Кои се најчестите оправдувања на луѓето кои одлучуваат да продолжат со токсичната љубовна врска?

1. „Знам дека мојата љубов може да го смени партнерот.“

Кога сакаме некого, сакаме да го видиме најдоброто во него. Дури и ако партнерот ни предизвикува болка, сакаме да веруваме дека благодарение на љубовта, партнерот ќе го подобри своето однесување, па затоа правиме сè за да ја спасиме врската.

2. „Работите беа толку добри на почетокот.“

Почетокот на секоја врска е прекрасен. Поминуваме часови разговарајќи за најразлични теми, поврзувајќи се на начин на кој веруваме дека никогаш претходно не сме се поврзале. Но, како што односите се продлабочуваат, честопати тие чувства се менуваат. Дури и во здрава врска, понекогаш може да се случи интензивните чувства кои биле присутни на почетокот да почнат да бледнеат.

3. „Ако можам да се променам, ќе бидеме среќни!“

Многумина сметаат дека токсичната врска е нивна вина. Но, причината поради која тие веруваат во тоа е затоа што партнерот им вели дека тоа е така. Како резултат на тоа, тие сметаат дека ако можат да направат промена, ако можат да бидат поубави, попаметни или понезависни, работите би се подобриле. Дали ова навистина функционира? Ако личноста се претвори во нешто што не е со цел нејзиниот партнер повторно да ја засака, дали нивната врска ќе биде среќна? Одговорот, за жал, е негативен. Луѓето кои бараат од вас да се промените само бараат изговори за нивното лошо однесување – тие навистина не очекуваат од вас да се промените. И, кога ќе го направите тоа, тие можат само да чувствуваат поголем презир кон вас.

4. „Никогаш повеќе нема да најдам партнер ако заминам.“

И ова е една од неточните работи што луѓето си ги кажуваат за да го оправдаат престојот во токсична врска – дека никогаш повеќе нема да сакаат или да бидат сакани. Сите сакаме да бидеме во врска и се плашиме дека ако ставиме крај на оваа, никогаш повеќе нема да сакаме или да бидеме сакани. Дека оваа личност е единствената личност за нас и ако ја оставиме ќе се осудиме на живот полн со самотија. Сепак, не дозволувајте верувањето дека никогаш повеќе нема да сакате или да бидете сакани да ве држи во врска која лошо ви влијае. Сигурно постои личност која некаде ве чека во меѓувреме – доволно е да си пружите нова можност.

Откако прочитавте за оправдувањата во токсичната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и за разликата меѓу вистинската и токсичната љубов.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар