Како да престанете да се грижите за она што луѓето го мислат за вас?

Како да престанете да се грижите за она што луѓето го мислат за вас?

Секој од нас сака да биде прифатен во средината во која живее. Тоа се должи на фактот дека човекот по природа е социјално суштество кое копнее за поврзување, интимност и комуникација со другите. Но, што ако почнете премногу да им ставате значење на мислењата на познајници и непознати? Прочитајте ги нашите совети за како да престанете да се грижите за она што другите го мислат за вас.

Како да престанете да се грижите за она што луѓето го мислат за вас?

1. Идентификувајте ги вашите вредности

Кои се вашите вредности? Тие се причината за сето она што го правите. Можеби ви значат пријателите затоа што за вас пријателството е бесценето. Или, честопати патувате затоа што сте авантурист по природа. Осознајте ги вашите вредности, наместо да размислувате дали тие ќе бидат одобрени или не од вашата социјална група. Според психолозите, кога ќе се фокусирате на вашите вредности, без да се откажувате од нив, ќе бидете полни со самодоверба. Во овој случај, ќе можете да го живеете животот онака како што вие посакувате, без да им угодувате на другите.

2. Изберете го вашето друштво

Веројатно имате многубројни познајници преку работа, училиште или социјалните мрежи. Не заборавајте дека не сите нивни мислења треба да ви бидат подеднакво важни. Бидете опкружени со луѓе кои ве прифаќаат онакви какви што сте, без да ве осудуваат за вашите постапки. Вие самите одлучете кого ќе прашате за совет и не дозволувајте нечие непотребно мислење да ви влијае во животот.

3. Оддалечете се од луѓето кои осудуваат

Градете врски со луѓето кои ве поддржуваат и ви даваат позитивна енергија, а оддалечете се од оние кои не го прават тоа. Држете ги токсичните луѓе колку што е можно подалеку од вашиот живот.

4. Забавувајте се

Имате само 24 часа во текот на денот, па затоа бидете мудри во поглед на тоа како го трошите времето. Нормално е дека колку повеќе време им посветувате на нештата кои ве прават среќни, толку помалку ќе се грижите за она што го мислат другите луѓе. Можете да почнете со ново хоби или активности кои го подобруваат вашето ментално здравје.

5. Помирете се со фактот дека не можете да им угодите на сите

Иако е полесно да се каже отколку да се направи, сепак помирете се со фактот дека никогаш нема да бидете доволно добри за сите. Затоа, не вреди да ја насочувате енергијата кон угодување на другите. Тоа може само да ве направи несреќни.

6. Не споредувајте се со другите

Никогаш не ги споредувајте своите со туѓите достигнувања. Тоа не само што може да ве разочара, туку и да ве натера да се откажете предвреме од вашите замисли и цели.

7. Прифатете се себеси онакви какви што сте

Секој од нас е различен сам по себе и затоа, според психолозите, најдобро е да се запрашате кои сакате да бидете, независно од туѓите мислења. Размислете за тоа кои сте сега, во моментов, и кои сакате да бидете, во иднина. Не заборавајте дека сите ваши верзии се подеднакво вредни, без разлика дали се помалку или повеќе успешни сè додека работите на својот личен развој.

Откако прочитавте како да престанете да се грижите за туѓото мислење, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 знаци укажуваат на фактот дека претерано се грижите за туѓото мислење.

Извор: greatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар