Тест: Изберете карта и добијте порака која се однесува на вашата иднина

Тест: Изберете карта и добијте порака која се однесува на вашата иднина

Дали барате насоки за иднината? Изберете една од овие три карти и прочитајте ја вашата порака.

Тест: Изберете карта и добијте порака која се однесува на вашата иднина

  • Карта бр. 1

    Доколку ја избравте оваа карта, тоа значи дека со мислите сте постојано во минатото и на тој начин се повредувате себеси. Без разлика дали сте направиле нешто за што жалите или сте изгубиле некој кој го сакате, треба да му се препуштите на исцелувањето. Престанете да се повредувате со тоа што одново и одново се навраќате на она што се случило. Наместо тоа, прифатете ги лекциите и фокусирајте се на тоа како да ја направите вашата иднина што е можно посветла. Доколку ви е тешко да го затворите тоа поглавје, напишете ги на лист хартија работите за кои жалите, а потоа запалете ја хартијата. Сега е време да поставите граници и да не им дозволите на другите да ве контролираат и искористуваат. Насочете ја вашата енергија кон остварување на вашите цели.

  • Карта бр. 2

    На вистинскиот пат сте, опуштете се! Иако можеби сè ви се чини нестабилно, така треба да биде сега. Се обидувавте да ги пронајдете одговорите во светот наоколу, а тие се наоѓаат длабоко во вас. Фокусирајте се на расчистување на нередот во вашиот ум преку медитација. Обидете се да се поврзете со универзумот и да ги најдете вистинските одговори. Сега е време да се ослободите и да верувате дека универзумот ќе ве однесе во вистинската насока. Верувајте во себе, престанете да го контролирате секој аспект од вашиот живот и вашиот следен избор ќе стане многу јасен.

  • Карта бр. 3

    По долгиот исцрпувачки период заслужувате одмор. Излезете и вратете се во светот од кој се оддалечивте. Без разлика дали ќе одлучите да бидете спонтани или планирате одмор, не е важно – доволно е да се тргнете од вашиот напорен распоред. Можеби на тој начин ќе сфатите дека повторното поврзување со светот околу вас ќе ви ги даде потребните одговори. Ова е совршено време да поставите нови цели за поглавјето што следува. Искористете ги сите ваши ресурси за да ги остварите вашите цели. Сега е време за уживање!

Доколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви открие што е тоа што набргу ќе си замине од вашиот живот.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар