Руски лекар порачува: Квасецот убива полека, но сигурно!

Руски лекар порачува: Квасецот убива полека, но сигурно!

Докторот по медицински науки, Виктор Хрушчов, тврди дека современиот леб е причинител за многу болести. Лебот доведува до различни видови интоксикација, габични заболувања, нарушен имунитет што пак предизвикуваат многу хронични болести. Спасот лежи во тоа што можеме да го направиме сами.

Лекарот и автор на книгата за подмладување со складна исхрана, смета дека еден од најголемите проблеми на денешницата е лебот. Сите знаеме дека тој не е ист „како некогаш“ и дека пченицата во меѓувреме е преработена и во неа има повеќе глутен. Но, тоа не е единствениот проблем.

„Го исклучив од својата исхрана (и од исхраната на своите пациенти) современиот леб. Ако јадеме леб со квасец, квасецот стигнува во нашата крв, почнува да се размножува, ги консумира нашите витамини, микроелементи, белковини. Истовремено тој ги излачува продуктите од негово живеење – токсините. Со други зборови, квасецот е како паразит во нашиот организам. И затоа модерниот леб се смета за најлош изум на човештвото“.

Квасецот при печењето излегува од „капсулата“ од глутен, но во цревата се ослободува, ја оштетува слузокожата и ја нарушува микрофлората на цревата. Тој живее во крвната плазма и слободно се размножува. Ова може да резултира во различни хронични заболувања. Дури и ако престанеме да јадеме модерен леб со квасец – дури после 5 години нема да има траги од квасец во крвната плазма.

Зошто (денешниот) квасец е толку штетен?

До 40-тите години од 20-от век бил употребуван квасец од друг вид. Тој не ги убивал корисните бактерии кои живеат во дебелото црвено, но тестото морало да стои 24 часа што не им одговарало на пекарите. За да го забрзаат производниот процес, тие почнале да користат квасец од друг вид, кој се нарекувал термофилен со чија помош тестото расте за само еден час. Денешниот термофилен квасец што го употребуваат во пекарската подготовка е антагонист на симбиотичката микрофлора во човечкото тело. Тоа значи дека неговото дејствување во дебелото црево ги убива микробите што вообичаено произведуваат витамини, есенцијални аминокиселини и корисни биолошки активни супстанци коишто му се потребни на човечкото тело за нормално функционирање.

Постојат околу 500 видови квасни габички, а меѓу нив најопасни за човекот се околу 30. Последните години од габични инфекции боледуваат речиси сите, притоа тие не се лекуваат со фармацевтски лекови. Според различни процени, распространетоста на микоза опфаќа 80% од возрасното население и 95% од децата. Во последните неколку години дошол тренд на зголемување на присутноста на габични инфекции не само кај возрасните туку и кај децата. Што треба да се направи? Решението е едноставно: да се подготви домашен квасец. Постојат повеќе рецепти, а ние ќе ви го презентираме тој што го препорачуваат руските лекари.

Рецепт за подготовка на домашен квасец

Прелијте ‘ржано брашно со топла вода (околу 40 степени Целзиусови), до степен на густина како јогурт и оставете го на топло место (најдобро во тегла). После 24 часа додајте брашно и вода и оставете го на топло место. Третиот ден ќе се појават меурчиња што значи дека „квасецот“ е подготвен. Ако не сакате во истиот момент да започнете со месење леб, покриете ја теглата со газа и ставете ја во фрижидер. Еднаш неделно тргајте го горниот слој и „нахранете“ го квасецот со брашно и вода. Третина тегла е доволна за подготовка на два пекарски леба.

Дознајте кои промени се случуваат кога ќе престанете да јадете бел леб.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар