8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

Ритуалите за созревање се изведуваат кога личноста која се смета за дете се трансформира во возрасна во очите на општеството. Обично ова се изведува со некаков тест или прослава, но сепак ритуалите се различни ширум светот. Чести се и модерните ритуали кои потекнуваат уште од многу одамна. Овие ритуали за премин во светот на возрасните биле особено присутни во древните култури, а во продолжение погледнете некои од најинтересните.

1. Државјанин на Рим

8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

Додека биле тинејџери, младите Римјани имале церемонии за созревање со кои официјално станувале жители на Рим. Возраста варирала и зависела од момчето и неговиот татко, како и од периодот во кој живееле. Најчесто ритуалот се изведувал на возраст помеѓу 14 и 17 години.

За церемонијата, момчето го вадело ѓерданот познат како „bulla“, кој му бил даден кога се родило и му нудел заштита, и им го нудело на боговите. Исто така момчето престанувало да носи тога со пурпурна боја и почнувало да носи бела тога, како сите возрасни мажи. Потоа името на момчето било додадено на листата граѓани. Потоа момчето и неговите родители принесувале дарови во храм и на крај оделе дома на прослава. После сето ова, момчето поминувало една година со маж одбран од неговиот татко. Мажот го учел момчето како да успее во војската и како да ги изведува другите граѓански должности.

Девојчињата немале церемонија со која се означувало нивното растење и нивното „полнолетство“ било обележувано со нивните венчавки. Ова можело да се случи и на 12-годишна возраст. Штом девојчето било венчано, тоа станувало возрасна личност.

2. Спартански тренинг

8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

Кога Спартанците полнеле 7 години, тие биле одземани од нивните семејства и носени во агога, училиште за воен тренинг и многу интензивна програма. Тренингот бил физички и ментален, така што момчињата станувале силни и безмилосни воини. Овој период траел 13 години, а момчињата правеле разни тестови со коишто ја покажувале нивната сила. Последниот тест бил и најважниот ритуал и е познат како криптија. Овој тест траел цела година и момчињата морале да живеат сами во дивината, преживувајќи од земјата и убивајќи. На децата не им биле давани оружје или алатки и никој не смеел да ги види.

Доколку детето го поминело тестот, тоа станувало војник. Исто така можело и да се венча. Ако тестот бил неуспешен, момчето не можело да се вклучи во војската и било присилено да работи како слуга.

3. Грчка педерастија

8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

Педерастијата започнала на Крит и се проширила низ Грција, подоцна станувајќи дел и од спартанската култура. Овој ритуал вклучувал возрасен маж кој го импресионирал момчето со дарови, сè додека тоа не го прифатело или одбиело.

Доколку мажот бил прифатен, тој започнувал сексуална врска со момчето каде што мажот секогаш бил доминантен, а момчето потчинето. Во овој период мажот го учел момчето на важни нешта за животот и светот на возрасните. Овој маж бил учител, заштитник и модел за правилно однесување. Штом момчето се сметало за доволно зрело, врската завршувала. Потоа момчето можело и самото да започне врска во која ќе биде доминантно. Во модерното општество ова звучи како сексуална злоупотреба, но кај Грците тоа бил нормален дел од созревањето.

4. Облекување кај племето Јукатек

8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

Децата од племето Јукатек не носеле облека сè додека не наполнеле 5 години. Во овој период момчињата носеле облека слична на нивните татковци, а девојчињата облекувале здолништа слични како оние на нивните мајки. Секое момче добивало бела лента која си ја врзувало во косата, а девојчињата добивале жица со црвени школки којашто ја носеле околу половината. Овие симболи на детството биле носени сè до ритуалната церемонија која означувала дека децата влегле во пубертет. Децата не смееле да стапуваат во брак сè додека не ја поминат церемонијата. Бидејќи родителите одредувале кога ќе се венчаат нивните деца, некои од нив ја поминувале церемонијата уште пред да стигнат до пубертет.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар