Неверојатна љубовна приказна: По 50 години разделеност, тие повторно се пронашле и стапиле во брак

Неверојатна љубовна приказна: По 50 години разделеност, тие повторно се пронашле и стапиле во брак

Џенис Руд и Вилсон Прентис прв пат се запознале во 1962-ра година во кафетерија во Лос Анџелес. Џенис работела во кафетеријата. Од тука, многу нешта се случило меѓу нив и нивната приказна завршува со среќен крај, но им биле потребни 50 години за да стигнат до таму.

Неверојатна приказна: Пар од САД се обединил по 50 години разделеност

Вилсон секое утро одел во кафетеријата за да ја види Џенис. Тој бил помлад од неа и додека одел на училиште воопшто не помислувал дека има шанса кај неа. Како што изјавил самиот: „Таа беше преубава за мене.“

И покрај тоа, тие продолжиле да се гледаат, а на Денот на благодарноста, Џенис му приредила вистинско изненадување на Вилсон. Таа ја побарала неговата адреса од некој пријател и возела речиси 250 километри за да го помине викендот со него и неговото семејство. Имајте на ум дека ова е во период кога било навистина тешко жена да отиде непоканета во домот на личност која е речиси странец.

Неверојатна приказна: Пар од САД се обединил по 50 години разделеност

Вилсон бил навистина среќен, па тие ја објавиле веста за нивната веридба во декември 1962-ра година.

Неверојатна приказна: Пар од САД се обединил по 50 години разделеност

Кога Џенис му кажала на татко ѝ за нејзиниот план со Вилсон, тој воопшто не бил задоволен. Како и многу жени во тоа време, животните одлуки на Џенис многу зависеле од нејзиниот татко. Тој ѝ наредил да ѝ стави крај на врската, бидејќи во спротивно ќе престанел да ѝ плаќа за факултет.

Неверојатна приказна: Пар од САД се обединил по 50 години разделеност

Таткото на Џенис не се согласувал бидејќи Вилсон потекнувал од еврејско семејство, а Џенис од христијанско. Џенис била очајна да го заврши факултетот и да стане финансиски независна. И покрај сите напори, таа бил присилена да ја прекине врската со љубовта на нејзиниот живот.

Неверојатна приказна: Пар од САД се обединил по 50 години разделеност

И двајцата одлучиле да тргнат по својот пат. Но, ова не е крајот на нивната љубовна приказна. Вилсон завршил на Харвард и станал многу добар адвокат. Џенис го презела семејниот бизнис. Дотогаш и двајцата биле разведени од други луѓе, а и двајцата ги изгубиле нивните мајки. Но токму ова ги зближило. Обично кога починува некој близок, луѓето веднаш се преиспитуваат. Овие моменти се навистина емоционални бидејќи се чувствува присуството на загубената личност.

Неверојатна приказна: Пар од САД се обединил по 50 години разделеност

И Џенис и Вилсон ја нашле објавата од нивната венчавка кај нивните мајки. И двајцата се сретнале неколку пати, но бидејќи тогаш биле во брак со други луѓе, не направиле ништо. Кога двајцата повторно биле сами, Вилсон ја поканил Џенис на ручек. По речиси 17.500 денови разделеност, парот се сретнал во Сан Франциско на нивниот прв официјален состанок.

Неверојатна приказна: Пар од САД се обединил по 50 години разделеност

Нивните покани за свадбата го содржеле оригиналниот напис од веридбата во 1962-ра година. На 19-ти август, 2012-та, Вилсон и Џенис се венчале на местото на коешто се сретнале – кафетеријата во Лос Анџелес.

Неверојатна приказна: Пар од САД се обединил по 50 години разделеност

Дали ја знаете неверојатната љубовна приказна на Пирс Броснан и неговата сопруга Кили?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар