12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Постојат голем број причини зошто треба да се ослободите од вишокот килограми, но многу луѓе не уживаат во држењето диети и поставувањето ограничувања во изборот на храна. За среќа, неколку истражувања успеале да откријат ефикасни начини за слабеење, коишто не подразбираат избегнување на омилената, вкусна храна. Прочитајте ја следната листа со 10 трикови за лесно слабеење, коишто со леснотија можете да ги применувате.

1. Гризете мали залаци и џвакајте ги темелно

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Научниците докажале дека на човечкиот мозок му е потребно време да ја процесира информацијата дека стомакот е полн и повеќе не сте гладни. Поради тоа, доколку побавно џвакате ќе го намалите количеството на внесена храна, што значи дека ќе јадете помалку без воопшто да забележите. Започнете со мали залчиња и наместо да ги голтнете брзо, пробајте да ги џвакате по 10-20 пати.

2. Оживејте ја вашата храна

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Дали сметате дека зеленчукот е досаден и поради тоа избегнувате да консумирате доволно количества на дневна база? Ако одговорот е „да“, тогаш можете да се обидете да си го послужите на креативен начин. Така на пример, можете да го организирате зеленчукот на чинијата во разни невообичаени форми – цвеќиња, ѕвезди или насмеани фаци. Ваквото декорирање на вообичаената храна, може да ви помогне да ги внесете потребните витамини и подолго време да се чувствувате сити.

3. Не го пропуштајте појадокот

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Доколку наутро се брзате и не ви стасува време, обидете се да станувате некоја минута порано за да имате време да појадувате или купете нешто за носење и каснете го по пат накај работа. Изберете појадок којшто е богат со хранливи влакна и протеини, како што се овесната каша или јогуртот. Ова ќе ви овозможи да имате доволно енергија во првиот дел од денот и да избегнете силно чувство на глад.

4. Движете се

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Губењето на килограмите не зависи само од храната што ја јадете, туку и од активностите што ги правите помеѓу оброците. Ако додадете дополнителна физичка активност во текот на денот, можете побрзо да дојдете до телото од вашите соништа. Многу е важно да се движите што е можно повеќе. Одете по скали наместо со лифт, пешачете наместо да се возите со автомобил и купете велосипед којшто ќе го користите за пократки релации.

5. Уживајте во семејните вечери

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Научниците тврдат дека вечерањето заедно со целото семејство на масата, може да ви донесе неколку позитивни придобивки. Прво, зборувањето ве тера да јадете побавно и помалку, а истовремено побрзо ќе се чувствувате сити. Второ, домашно зготвените оброци не содржат исти количества презервативи и адитиви, како купената или замрзнатата храна. Трето, ќе ги подобрите односите со членовите од вашето семејство.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар