Паранормални приказни за 10 застрашувачки уметнички дела

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Постојат голем број уметнички слики кои при секое погледнување ни предизвикуваат морници и никој не би сакал да ги има во своите колекции. Голем број од нив се или во галерии или се скриени од очите на посетителите. За некои дури имало и сведочења за паранормални активности.

1. Рацете му одолеваат (The Hands Resist Him)

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Оваа слика на Бил Стоунхем веќе е доста позната, а претходните сопственици се колнат дека имале паранормални искуства со неа. Се верува и дека е виновна за смртта на сопственикот на галеријата каде што била изложена. Во 2000 година била огласена на Ибеј, каде во описот било опишано дека момчето излегува од сликата, а куклата оживува.

2. Момчето што плаче (The Crying Boy)

За делата на уметникот Џовани Браџолин има многу сведоштва дека привлекуваат оган. Многумина тврдат дека во овие пожари, ниту едно дело, од вкупно 60 на овој уметник, не било оштетено. Имало случаи кога куќите целосно гореле, луѓето биле сериозно повредувани, но сликите секогаш останувале недопрени.

3. Мртвата мајка (The Dead Mother)

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Сликата е инспирирана од смртта на мајката на самиот автор, Едвард Мунк, која починала од туберкулоза кога тој имал пет години. Многумина кои ја виделе сликата почувствувале неподнослива непријатност, впечаток дека очите на девојчето им го следат чекорот и дека може да се чуе звук на шуштење на чаршавите.

4. Портретот на Бернардо Де Галвез

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

Кога бил отворен хотелот Галвез околу 1900-тата, во фоајето бил поставен портрет на славниот шпански воен офицер, Бернардо Де Галвез. Но, кратко потоа, гостите почнале да се жалат дека очите од портретот ги следат насекаде, како и на непријатен студ кога се блиску до сликата.

5. Човек бара, Бог одбива (Man Proposes, God Disposes)

Паранормални приказни за 10 од најпознатите застрашувачки уметнички дела

За ова дело се верува дека авторот Едвин Хенри Ландсир бил инспириран од реални сцени за откриени остатоци од бродовите на експедицијата на Френклин, која се изгубила во близина на канадскиот дел од Арктикот. Сликата е поставена во ходникот на Ројал Холовеј, во Универзитетот во Лондон и за време на испитите е покриена со британското знаме, бидејќи ги вознемирува и прогонува студентите.

Погледнете уште 5 од овие уметнички дела на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар