Диета со варени јајца со која ќе изгубите до 10 килограми за 14 дена

Доколку сте во потрага по едноставен начин да изгубите килограми, по можност до новогодишната ноќ, а притоа тие да не се вратат, можеби диетата со варени јајца е токму за вас. Ако досега сте испробале разни диети, зошто тогаш не би ја испробале и оваа? Освен килограмите, ништо друго нема да изгубите!

1-dieta-so-vareni-jajca-so-koja-kje-izgubite-do-10-kilogrami-za-14-dena-www.kafepauza.mk_

Диетата со варени јајца не вклучува многу намирници, но гарантира дека ќе го забрза вашиот метаболизам, ќе ги согори мастите, а изгубените килограми нема да се вратат. Што е и најважно, нели? Освен тоа, со оваа диета можете да изгубите и до 10 килограми за две недели, па ајде да започнеме! Додека сте на диета, би требало да пиете многу вода (од 8 до 10 чаши дневно) за да го хидрирате вашиот организам, но и да го ослободите телото од токсини. Би требало да ја избегнувате брзата храна, алкохолот и претераното внесување сол и шеќер (дури и во облик на сокови). Исто така многу може да помогне и половина час вежбање дневно.

МЕНИ ЗА ПРВАТА НЕДЕЛА

Понеделник:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: 2 компира, 2 јаболка.

Вечера: Голема чинија салата со пилешко.

Вторник:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Зелен зеленчук и пилешка салата.

Вечера: Салата од зеленчук, 1 портокал, 2 варени јајца.

Среда:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Сирење со низок процент млечна маст, 1 домат, 1 компир

Вечера: Салата со пилешко.

Четврток:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Овошје.

Вечера: Салата и пилешко.

2-dieta-so-vareni-jajca-so-koja-kje-izgubite-do-10-kilogrami-za-14-dena-www.kafepauza.mk_

Петок:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Варен зеленчук, 2 варени јајца.

Вечера: Салата со печена риба.

Сабота:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Овошје.

Вечера: Пилешко и зеленчук.

Недела:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Салата од домати, варен зеленчук, пилешко.

Вечера: Варен зеленчук.

3-dieta-so-vareni-jajca-so-koja-kje-izgubite-do-10-kilogrami-za-14-dena-www.kafepauza.mk_

МЕНИ ЗА ВТОРАТА НЕДЕЛА

Понеделник

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Салата со пилешко.

Вечера: 1 портокал, зелена салата, 2 варени јајца.

Вторник:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: 2 јајца, варен зеленчук.

Вечера: Салата со печена риба.

Среда:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Салата со пилешко.

Вечера: 1 портокал, салата, 2 варени јајца.

Четврток:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Варен зеленчук, немасно сирење, 2 варени јајца.

Вечера: Салата со пилешко.

4-dieta-so-vareni-jajca-so-koja-kje-izgubite-do-10-kilogrami-za-14-dena-www.kafepauza.mk_

Петок:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Салата со сардина.

Вечера: Салата, 2 варени јајца.

Сабота:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Салата со пилешко.

Вечера: Овошје.

Недела:

Појадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.

Ручек: Варен зеленчук и пилешко.

Вечера: Исто како за ручек.

Како што забележавте, оваа диета скоро и да не содржи јаглехидрати и поради тоа толку добро успева. И уште една напомена, задолжително посоветувајте се со доктор пред секоја промена на исхраната, без оглед на тоа која диета сакате да ја започнете!