9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Иако многумина копнеат да имаат добро и исправно држење на телото, само малкумина ја исполнуваат оваа цел. Затоа прочитајте ги следниве неколку фантастични совети за тоа како да го исправите грбот и да постигнете правилно држење на телото кое ќе ве заштити од многу идни здравствени проблеми.

1. Правете вежби за подобрување на држењето

9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Најдете време за неколку вежби кои ќе го подобрат вашето држење. Обидете се да вежбате 10-20 минути во денот. Не присилувајте се премногу, бидејќи на тој начин само ќе ја влошите состојбата. Ако работите во канцеларија, не заборавајте секојдневно да ги истегнувате грбот, вратот и рамената.

2. Организирајте го вашето работно место

9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Ако долго време работите пред компјутер, треба да размислите за добро организирање на вашето работно место. Најважното нешто е да ја наместите висината на бирото и столот со цел да можете да седите исправени во текот на целото работно време.

3. Дури и телефонот треба да се држи правилно

9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Многумина се наведнуваме кога пребаруваме низ телефоните и лаптопите без да го забележиме тоа. Обидете се да го држите вашиот телефон пред вас, а лаптопот на вистински агол кон масата на која седите со цел да не мора да се згрбавувате со цел да гледате во екранот.

4. Инсталирајте специјални апликации на вашиот телефон

9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Има неколку одлични апликации кои ќе ви помогнат да го држите грбот исправен. Една таква е Nekoze, која ја користи камерата од вашиот телефон за да го следи вашето држење на грбот, а ако почнете да се искривувате, апликацијата ве алармира.

5. Научете правилно да дишете

9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Дишењето е важно за движењата и сетилата. Ќе дишете многу поефикасно ако ја користите вашата дијафрагма, а исправеното држење ќе дојде природно со правилното дишење.

6. Внимавајте на држењето во секое време

9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Секогаш треба да внимавате да го држите грбот исправен, не само кога работите, туку и кога возите или спиете. Кога е во прашање спиењето, внимавајте дека сте ги избрале вистинските перница, ќебе и душек.

7. Најдобро е аголот на вашиот грб да биде 135 степени кога седите

9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Запомнете, кога седите под вистински агол, вашиот грб е помалку затегнат и се создава помалку притисок врз ‘рбетот и мускулите.

8. Вежбајте јога

9 непроценливи совети со кои ќе го подобрите држењето на телото

Јогата ја подобрува вашата духовна и физичка благосостојба. Другите фитнес програми како пилатес или аеробик, исто така можат да ви помогнат да имате исправено држење.