Доколку имате желба, вештини и доволно време за пишување, сакате креативна работа од дома и го читате нашиот сајт, вие веќе се квалификувате за хонорарната работна позиција Автор.
Следниот чекор е да аплицирате!
Потребни квалификации:
- Добро изразување и одлично познавање на македонскиот литературен јазик
- Одлично познавање на англиски и српски јазик
- Способност за креативно изразување, превод и пишување авторски текстови
- Вештини за селектирање, надополнување и проверување на точноста на информациите
- Широк спектар на интереси за покривање теми од повеќето области на Кафе пауза
- Способност за наоѓање квалитетни, издржани и интересни извори на содржини (линкови)
- Познавање на некоја алатка за обработка на фотографии, на пр. Фотошоп (предност)
- Искуство во уредување содржини на веб (предност)
- Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
- Можност за фиксно работно време од минимум 4 часа на ден (од дома)
- Подготвеност за викенд дежурства
- Брзина, навременост и способност за добро планирање на работниот ден
- Желба за усовршување, надградување и напредување
- Исполнителност, посветеност, одговорност и најважно – ЖЕЛБА ЗА ПИШУВАЊЕ!
Пријавете се со пополнување на апликацијата.
Огласот ќе биде активен до 22 мај 2019.