Еве зошто сѐ уште не сте ја запознале вашата сродна душа

Доколку се прашувате зошто љубовта досега не чукнала на вашата врата, можеби во продолжение ќе го откриете одговорот. Психологот и нобеловец Даниел Канеман на сите слободни дами им го понуди одговорот на вечното прашање: „Зошто сѐ уште не ја најдов љубовта на мојот живот?“ Сѐ што ви треба е само пенкало и дигитрон и внимателно да ги применете неговите методи со чија помош ќе дојдете до одговорот.

Еве зошто сѐ уште не сте ја запознале вашата сродна душа

Замислете дека вашиот живот е сценарио за филм и дека ќе треба еден ден од него да го раздвоите на составни делови. На секоја епизода (будење, растегнување, возење до училиште, средба со другарка, дечко) дајте ѝ реден број и време од десет минути до два часа. Потоа за секоја епизода поставете ги следните прашања:

1. Колкав дел од времето бевте способни да се посветите на друга личност? (0-100%)

2. Колку енергија имавте?

3. Колку време од оваа епизода чувствувавте заеднички проток на мислите и чувствата?

Соберете ги минутите кога сте биле будни во текот на тој ден, а потоа секоја епизода претворете ја во минути и тој број помножете го со делот од времето кој сте го означиле во одговорот (пр. 20% значи дека треба да помножете со 0,20).

Разликата помеѓу бројот на минутите кога сте будни и бројот кој сте го добиле за љубовната епизода, го претставува вашиот неискористен љубовен потенцијал. Дали и понатаму сметате дека е мудро да поминувате толку многу време на Интернет?