5 идеи како да ја носите дебелата и зимска јакна без да изгледате како снежна топка

5 идеи како да ја носите дебелата и зимска јакна без да изгледате како снежна топка

Дебелите зимски јакни со пердуви и крзна се добар и топол избор за студените денови, но поради својот волумен можат да ја трансформираат вашата фигура во снежна топка. Па, ако сакате да го спречите тоа и истовремено да изгледате одлично додека ви е топло, тогаш погледнете ги следниве 5 совети:

1. Ако купувате зимска јакна, погрижете се таа да доаѓа со ремен. Стегнете го ременот на половината и така визуелно ќе ја намалите и оформите вашата фигура.

5 идеи: Како да ја носите дебелата, зимска јакна без да изгледате како снежна топка?

2. Изберете јакна со преголема крзнена јака и капа за да го свртите вниманието на рамената, наместо на проширената половина.

3. Облечете подебел џемпер, па откопчајте ја јакната.

5 идеи: Како да ја носите дебелата, зимска јакна без да изгледате како снежна топка?

4. Добро познат факт е дека црната боја ја намалува фигурата. Но, обидете се да облечете црна облека под зимска јакна која има впечатлива и изразена боја за да го разиграте целиот изглед.

5. Преполовете ја фигурата со паметен избор на бои: „Пресечете“ ја зимската јакна или палтото со поголем шал во неутрална боја.

5 идеи: Како да ја носите дебелата, зимска јакна без да изгледате како снежна топка?

Совет плус: Кога надвор е толку многу студено што ви се тресат забите, прегрнете ја својата топла, дебела, зимска јакна околу себе и не размислувајте за тоа како изгледате во неа.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар