Претходно
10 одлични причини зошто е убаво да бидете во љубовна врска
Во секоја врска постојат подеми и падови и бидете сигурни дека ниту една врска не е совршена. Добро е да го знаете ова, бидејќи доколку имате преголеми очекувања или критериуми, тоа може да ве доведе до неуспех. Секоја врска подразбира некоја бесмислена борба, малку љубомора и малку драма, ама на крај, навистина е добро да се биде во врска. Кои се најдобрите работи во една врска, погледнете во продолжение.

1. Ако имате среќа, може да добиете нов најдобар пријател.

2. Секогаш имате некого со кого можете да уживате во кревет – и да правите сè што ќе посакате. Очигледно е…

3. Кога сме веќе кај тоа, претплатени сте на неограничено галење.

4. Секогаш имате планови за викендот. Вашите пријатели не сакаат да излегуваат вечерва? Секогаш можете да излезете со вашето момче или девојка!

5. Конечно вашата мајка ќе престане да ви досадува со тоа дека е време да најдете некој за посериозно.
6. Можете да престанете да се нервирате околу сите пропаднати состаноци и врски. Се чувствувате одлично, бидејќи го/ја имате него/неа!

7. Имате некого на кого можете да му се жалите за секоја ситница која ве мачи… А тој/таа МОРА да ве слуша и да ве разбере.

8. Исто така, имате некого на кого можете да се потпрете секојпат кога ви е тешко. А тоа е толку прекрасно чувство!

9. Секогаш имате придружба, без разлика каде одите. Ви треба некого со кого би заминале на журка? Или на семеен ручек? Тој/таа е тука!

10. Вие сте заљубени и добро се чувствувате, а тоа се гледа на вас. Вие едноставно блескате!































