Инспиративни цитати од Пауло Коелјо кои ќе ве потсетат дека животот вреди да се живее

Пауло Коелјо, авторот на популарната книга „Алхемичарот“ е многу познат по начинот на кој ги инспирира луѓето. Над 3 декади, тој објавува голем број книги, од кои секоја од нив носи посебна и инспиративна порака за тоа како можете да ги следите вашите соништа. Токму затоа, ако се соочувате со некаков проблем, тага или едноставно поминувате низ лош период, погледнете ги овие мали мисли со огромна моќ кои ќе ви го дадат потребниот морален замав полесно да се справите со потешкотиите во вашиот живот.

Инспиративни цитати од Паоло Коелјо кои ќе ве потсетат дека животот вреди да се живее

„Кога нешто сакате, целиот свет прави заговор за да ви помогне да го постигнете.“

„Промените се случуваат само кога ќе излеземе од нашата удобна зона и ќе тргнеме против сè што сме навикнати да правиме.“

„Вие сте она што верувате дека сте.“

„Наједноставните нешта се најчесто и најневеројатните, и само мудрите можат да ги видат.“

„Секој има креативен потенцијал и од моментот кога ќе можете да го изразите овој креативен потенцијал, вие почнувате да го менувате светот.“

„Постои само едно нешто кое го прави сонот невозможен за постигнување: стравот од неуспех.“

„Ако мислите дека авантурата е опасна, обидете се со рутина. Таа е смртоносна.“

„Детето може да го научи возрасниот на три нешта: да биде среќен без причина, секогаш да биде со нешто зафатен и да знае како да го бара со целата своја сила она што го посакува.“

„Имате два избора, да го контролирате вашиот ум или да дозволите тој да ве контролира вас.“

„Сите веруваат дека главната цел во животот е да се следи некаков план. Тие никогаш не прашуваат дали овој план е нивен или бил создаден од друга личност. Тие акумулираат искуства, сеќавања, работи, идеи од други луѓе и тоа е нешто со кое не е можно да се справат. Токму затоа тие ги забораваат своите соништа.“

„Секој благослов кој е игнориран се претвора во клетва.“

„Прифатете го она што животот ви го нуди и обидете се да пиете од секоја чаша. Сите вина треба да бидат пробани, од некои треба да земете само голтка, додека пак од други, да испиете цело шише.“

„Сега кога таа немаше што да изгуби, стана слободна.“

„Која е најголемата лага во светот? Тоа дека во одреден момент од животот губиме контрола врз она што се случува со нас и нашиот живот станува контролиран од судбината.“

„И ве молам не заборавајте: Постои живот пред смртта.“