Што вашиот парфем зборува за вас?

Автор: Сара Турановиќ

Дали знаевте дека вашиот парфем открива многу за вас? Дознајте нешто повеќе за себе, според тоа каков парфем користите.

1-shto-vashiot-parfem-zboruva-za-vas-kafepauza.mk

Типот на парфеми што ги користите зборува многу за една жена? Дали повеќе сакате цветни или интензивни? Погледнете во која категорија спаѓа вашиот парфем, а потоа прочитајте што тој открива за вас.

1. Цветни, разиграни мириси

Обожавате парфеми кои потсетуваат на цветна ливада. Овие парфеми во себе содржат јасмин и магнолија.

Изглед: Романтичните луѓе како вас сакаат карнери, нежни ткаенини и сладок, нежен накит.

Љубовен живот: Сонувате за голема љубов, и воглавно ја наоѓате. Во врската вложувате многу за да го усреќите партнерот, но само ако тој ве држи како капка вода на дланка. Ве привлекуваат жешки, негувани мажи.

Темперамент: Зрачите со оптимизам. Затоа што во секој го гледате само доброто, често останувате разочарани.

Слабости: Сакате сите да мислат добро за вас. Понекогаш сте површни. Внесувате поголем напор за да остварите некоја цел.

2. Интензивни и ориентални мириси

Ви се допаѓаат егзотични ароми од ѓумбир, кедар, мандарина, јасмин и сандалово дрво.

Изглед: Изразено сензуален тип. Сметате дека сте убави. Носите облека која ја истакнува вашата фигура и префинета долна облека. Многу жени кои го сакат овој мирис имаат долга коса, која ја нагласува нивната женственост.

Љубовен живот: Спремни сте да го дадете вашето срце на вистинскиот, но не се сите мажи дораснати на вашата женственост.

Темперамент: Цврсто стоите зад вашите чувства и потреби. Во караниците реагирате импулсивно, но брзо простувате.

Слабости: Поради тоа што сакате да ги покажете вашите женски атрибути понекогаш може да претерате. Имајте на ум: помалку често значи повеќе.

3-shto-vashiot-parfem-zboruva-za-vas-kafepauza.mk

3. Освежителни ароми

Користите парфеми кои имаат освежителна арома на грејпфрут и портокал.

Изглед: Затоа што во сѐ сте умeрени, бирате едноставни, спортски кроеви и светли бои. Вашата шминка е секогаш дискретна.

Љубовен живот: Вие барате маж со кој навечер би шетале во парк, со кој би можеле да трчате и да планинарите, но и кој ќе ви биде добар пријател и верен партнер. Мачо типовите немаат никакви шанси кај вас.

Темперамент: Вашата активна природа кај некои предизвикува нервоза. Не би било лошо во текот на денот да одвојувате време и да не правите ништо.

Слабости: Премногу сте активни, и тоа го очекувате од другите. Запрете малку.

4. Слатки мириси

Сакате парфеми кои ја нагласуваат женственоста. Аромата на ванила ве потсетува на детството, а слаткиот иланг-иланг дејствува како магнет на мажите.

Изглед: Вие сте ведра личност која сака да ја покаже својата женственост, но не на нападен начин. Никогаш не носите штикли, бидејќи ви е потребен цврст терен под вашите нозе.

Љубовен живот: Ви треба потпора во животот и затоа барате маж кој ќе ве заштити. Може и да биде малку корпулентен, но важно е пријатно да мириса. Од партнерот очекувате посветеност.

Темперамент: Понекогаш тажно заклучувате дека секојдневните проблеми ви ја одземаат онаа леснотија што ја чувствувате додека фантазирате. Бидете опкружени со личности кои ви пружаат стабилност.

Слабости: Не поднесувате самотија. Зошто толку се плашите? Имате многу повеќе енергија отколку што мислите.

2-shto-vashiot-parfem-zboruva-za-vas-kafepauza.mk

5. Ароматични мириси

Сакате ненаметливи, земјени ароми, какви што често се користат во правењето на машките парфеми.

Изглед: Самоуверени сте и не сакате да ве ценат само заради изгледот. Затоа во облекувањето користите едноставни кроеви и ненападни бои. Накитот го користите штедливо.

Љубовен живот: Вие точно знаете што сакате и како да го остварите тоа. Тоа го правите така мудро и шармантно што вашиот партнер не може да ве одбие. Барате личност која ќе ви пружи доволно слобода за вашите интереси.

Темперамент: Амбициозни сте и доследни. Многу сте великодушни, и тогаш кога работите не се онакви како што сте ги замислиле. За возврат очекувате искреност и лојалност.

Слабости: Не можете да го исклучите мозокот и да го отворите срцето. Препуштете им се и вие понекогаш на емоциите!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.