Вкусна летна торта со крем и овошје

Вкусна летна торта со крем и овошје

Лесен и убав десерт совршен за летните денови

1-vkusna-letna-torta-so-krem-i-ovoshje-kafepauza.mk

Потребни состојки (за 12 послужувања):
За тортата:
  • 115 г путер, омекнат на собна температура 1 час
  • 290 г шеќер
  • 3 големи јајца
  • 220 г сенаменско брашно
  • 1 лажичка сол
  • 3,5 лажички прашок за пециво
  • 300 мл млеко
  • 2 лажички екстракт од ванила
За кремот:
  • 470 мл шлаг/хопла
  • 230 мл кисела павлака
  • 30 г шеќер во прав
  • Прстофат сол
Овошје:
  • 2 праски, на парчиња
  • 1 кајсија, на парчиња
  • 70 г јагоди, исецкани
  • 70 г капини
Начин на подготовка:
  1. Рерната загрејте ја на 180 степени. Тавчето со димензии 22×33 см премачкајте го со зејтин.
  2. Со миксер во длабок сад изматете ги омекнатиот путер и шеќерот, сѐ додека не станат лесни и воздушести. Потоа, додадете ги јајцата и мешајте додека смесата не стане кремава. Ставете ги и брашното, солта, прашокот за пециво, млекото и екстрактот од ванила. На ниска брзина, матете уште 30-на секунди, а потоа на средна брзина уште 3 минути.
  3. Во подготвеното тавче ставете ја смесата и оставете да се пече 40-45 минути на 180 степени. Кога ќе биде готова, оставете ја целосно да се излади барем еден час.
  4. Во друг сад изматете ги шлагот/хоплата, павлаката, шеќерот во прав и солта. Кога смесата ќе биде готова, прелијте ја изладената торта.
  5. На крајот, врз кремот ставете го исецканото овошје.
  6. Чувајте ја во фрижидер сѐ до послужувањето.

2-vkusna-letna-torta-so-krem-i-ovoshje-kafepauza.mk 3-vkusna-letna-torta-so-krem-i-ovoshje-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар