Чоколадно и ванила ледено кафе

Чоколадно и ванила ледено кафе

Кафе и сладолед, зарем има подобар начин на уживање за време на летото?

Чоколадно и ванила ледено кафе

Потребни состојки:
  • 240 милилитри силно филтер кафе, оладено
  • 1 топка чоколаден сладолед
  • 1 топка сладолед од ванила
  • шеќер (по избор)
  • шлаг пена
  • прелив од карамела
Начин на подготовка:

По подготовката на кафето, сипете го во шолја за кафе и додадете му коцки мраз за да се олади. Оставете го 15-тина минути. Во една висока чаша ставете по една топка сладолед од ванила и чоколадо и потоа сипете го оладеното кафе врз нив. Пробајте колку е благо и доколку ви горчи додадете му шеќер. Декорирајте со шлаг пена и прелив од карамела.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.