Кригла пиво или колаче? Па зошто да не и двете?

Штосни колачи кои се одлични за специјални прилики како матурски веселби, 18-ти родендени и разни други домашни забави

1-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1 микс за чоколадна торта (430 грама)
  • 270 мл вода
  • 110 мл растително масло
  • 3 јајца
За чоколадниот крем ганаш со Бејлис:
  • 140 г чоколадо, ситно исечкано
  • 120 мл шлаг мена
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 2 лажици ирски крем Бејлис
  • 250 г бело чоколадо за моделирање
  • Жолта боја за храна
  • Дополнителни 250 мл замрзнат бел шлаг
Прибор:
  • 10 мали теглички
  • Спреј за готвење (против лепење)
Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени.

2. Направете го миксот за торта со водата, маслото и јајцата според инструкциите на пакувањето.

3. Напрскајте ги теглите со спреј за готвење. Ова е многу важен чекор, затоа не го прескокнувајте инаку подоцна тортата ќе ви се залепи и ќе се растури формата за основата на криглите.

2-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

4. Поставете хартија за печење на големо тавче. Секоја тегла наполнете ја подеднакво со смесата, па ставете ги теглите во подготвеното тавче и пикнете ги во загреаната рерна на 20 минути. Пред да ги извадите проверете дали се готови така што ќе пикнете чепкалка во тортите. Ако излегува чиста, значи се готови.

3-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

5. Оставете ги тортичките да се изладат околу 10 минути и потоа превртете ги за да испаднат од теглите. Ако не се вадат убаво, внимателно одлепете ги со нож.

4-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

Подготовка на чоколадниот кремаст ганаш со Бејлис:

6. Ставете го сечканото чоколадо, шлаг пената и шеќерот во прав во сад и ставете ги во микробранова на 30 секунди за да се стопат. Оставете го садот во внатре уште 3 минути. Потоа извадете го садот, промешајте додека не добиете мазна смеса. Ако чоколадото не е растопено, вратете го назад на уште 10 секунди. Повторете го ова онолку пати колку што е потребно, но притоа промешувајте после секој пат. Додајте го Бејлисот.

5-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

7. За да бидат сите кригли со иста големина, исечете ги тортите така што секоја да биде околу 7-8 сантиметри висока. Со нож или со друг кујнски алат отстранете дел средината на секое колаче. Во дупчето на секое колаче сипете од кремот со Бејлис.

2/3 од белото чоколадо за моделирање измешајте го со жолта боја. Направете ролна дебела околу 3 мм. Поставете ја ролната на нелеплива површина (може на даска попрскана со шеќер во прав). Исечете парчиња со димензии 8 на 20 см.

7-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk 8-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

8. Со дрвено стапче или цевка притискајте на секое парче правејќи вдлабнатини на секои 1,5 см, притоа оставајќи околу 1,5 см кон едниот раб. Тука ќе биде дното на чашата.

9-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

9. Замотајте по едно жолто парче врз секоја торта, отсекувајќи ги деловите кои се вишок. Поминете ги рабовите кои треба да се спојат со влажна рака и залепете ги.

10-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

10. Од остатокот од чоколадото за моделирање направете рачки и прицврстете ги со помош на вода.

11. Пред да ги сервирате криглите, додадете шлаг пена врз секоја чаша за да ја направите пивската пена.

На здравје!

11-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk12-krigla-pivo-ili-kolache-pa-zoshto-da-ne-i-dvete-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.