Белградскиот илустратор кој го освои Фејсбук со изложба во „Концепт 37“

Марко Прокиќ – f.ckinfine во Скопје

Марко Прокиќ е илустратор чии изреки го преплавија Фејсбук! Денес, кога мораме да признаеме дека со друштвените медиуми владеат стикери со животни, љубовни пораки,  „self-help“ препораки и други разни цитати – ретко кој од нив навистина може да ни го задржи вниманието. Но, кога говориме за Марко, познатиот белградски илустратор  и неговата страница f.ckinfine состојбата е сосема поинаква. Тој успеа за многу кусо време да се издвои од толпата и да ги освои, одушеви, насмевне, и да го измами она „аххххх“ од своите фанови. Марко е уметнички директор во агенцијата „McCann Erickson“ во Белград, а неговите сувенири ќе ги освојат сите кои ќе го посетат арт-кафето „Концепт 37“, на отворањето на неговата изложба, на 20 ти март, четврток, со почеток во 20:30 часот.

0-belgradskiot-ilustrator-koj-go-osvoi-fejsbuk-so-izlozhba-vo-koncept-37-kafepauza.mk

Марко до сега изложувал, самостојно, но и групно во Белград, Загреб и Монпеље. А денес живее и работи во Белград. Со своите духовити и проникливи илустрирани пораки веќе стана специфичен „feel good“ бренд во регионот, а магијата која овие дела ги остваруваат во релација со публиката е секогаш посебна и партикуларна. Имено, секоја порака која Прокиќ ја илустрира е како и самиот што вика: проживеана и преживеана. Тоа се чини дека е еден од клучните елементи во речиси неподносливата леснотија на поистоветување со авторовата утринска мрзоволност, експлицитна или имплицитна меланхолија, чувството на недостасување, досада или болната свест за рутинското секојдневие.

1-belgradskiot-ilustrator-koj-go-osvoi-fejsbuk-so-izlozhba-vo-koncept-37-kafepauza.mk 2-belgradskiot-ilustrator-koj-go-osvoi-fejsbuk-so-izlozhba-vo-koncept-37-kafepauza.mk 4-belgradskiot-ilustrator-koj-go-osvoi-fejsbuk-so-izlozhba-vo-koncept-37-kafepauza.mk 5-belgradskiot-ilustrator-koj-go-osvoi-fejsbuk-so-izlozhba-vo-koncept-37-kafepauza.mk3-belgradskiot-ilustrator-koj-go-osvoi-fejsbuk-so-izlozhba-vo-koncept-37-kafepauza.mk

Тоа се кратки но содржински, општи но одредени, смешни но истовремено тажни отчукувања на емотивни и разумни импулси кај секој од нас. Прокиќ создава галерија на најпроникливи чувства од сопствениот простор и тие стануваат делив атом во комуникацијата со секој интерактивен субјект. Најтешко е од секогаш да се нацрта чувството; мали и големи работи, видени, доживеани и проживеани, ќе каже авторот, а покрај чувствата неговите рачно нацртани букви, понекогаш стануваат латентна критика на нас самите од непознатото. Тоа заедно со аперсоналната темна позадина и тврдоглавата униформирана структура, ја прави работата на Прокиќ сосема отворена па и помалку генеричка, со што се остава простор за наш личен запис од нашето лично секојдневие со што уште на почетокот на приказната се создава онаа магија на интимност и блискост.

6-belgradskiot-ilustrator-koj-go-osvoi-fejsbuk-so-izlozhba-vo-koncept-37-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.