Апартман направен од 25 000 пинг-понг топчиња

Апартман направен од 25.000 пинг-понг топчиња

Апартманот на Даниел Аршам во Бруклин е малечко место во кое сите би посакале да живеат. Неговата површина изнесува само 8,5 метри квадратни, а декорот е елегантен и минималистички, принудувајќи ве да се заљубите во прекрасно смислениот простор.

Апартман направен од 25 000 пинг-понг топчиња

Станчето е всушност поткровје на објектот каде што се сместени канцелариите на Snarkitecture, архитектонската фирма во која Аршам е партнер. За него овој стан овозможува само две функции, а тоа се спиењето и пресоблекувањето. Ѕидовите на апартманот изгледаат како огромен пикселен екран, кој преминува од сиво кон бело, гледајќи од подот кон таванот. Таканаречените пиксели всушност се илјадници пинг-понг топчиња, или попрецизно 25.000.

Апартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчиња

Остатокот од местото е уреден едноставно. Аршам во апартманот сместил еден кревет, поставил неколку вградени полици и плакар, каде што чува дел од својата гардероба. Најинтересно, а воедно и најсмешно, е тоа што за да влезе во својот стан, Аршам мора да се качи по скала која се наоѓа во тоалетот на една од канцелариите.

Апартман направен од 25 000 пинг-понг топчиња

Апартманот, кој нормално е направен од неговата фирма, бил изграден за 2 месеци и чинел помалку од 100 долари по квадрат. Како и да е, очигледно дека некоја продавница за спортска опрема извлекла најголем профит од создавањето на овој интересен апартман.

Апартман направен од 25 000 пинг-понг топчиња


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.