Откријте го полот на вашето бебе без да одите на ултразвук
Штом се потврди бременоста, покрај големата радост која доаѓа со оваа вест, оваа состојба носи и многу забавни моменти, од кои една е и погодувањето на полот на бебето. Стотици децении ова се правело на начин кој во денешно време изгледа необично. Иако научниците го сметаат овој метод за несигурен, сепак не е на одмет да ги знаете симптомите во случај да носите момче или девојче во вашиот стомак.

Ако сте бремени со машко дете:
- Немате утринска мачнина во раните месеци од бременоста.
- Отчукувањата на срцето на бебето се помали од 140 во минута.
- Вишокот килограми се забележуваат на предниот дел од телото.
- Стомакот ви изгледа како топка за кошарка.
- Ареолите ви се значително потемни.
- Стомакот ви е спуштен.
- Имате желба за солена храна.
- Имате желба за протеини – месо и сирење.
- Стапалата ви се често ладни.
- Рацете ви се често суви.
- Влакната на нозете ви растат побрзо.
- Изгледате подобро од кога било.
- Урината ви е посветла.
- Носот ви се проширува.
- Често патите од главоболка.
Ако сте бремени со девојче:
- Патите од утринска мачнина уште во раната фаза на бременоста.
- Отчукувањата на срцето на бебето се најмалку 140 во минута.
- Сте се поправиле најмногу во колковите.
- Левата дојка ви е поголема од десната.
- Косата ви добила црвен сјај.
- Стомакот ви е високо.
- Стомакот ви изгледа како лубеница.
- Имате желба за благо.
- Имате желба за овошје.
- Сакате да пиете сок од портокали.
- Често го менувате расположението.
- Урината ви е со темножолта боја.
- Мозолчиња ви избиваат почесто одошто претходно.
- Градите ви се отечени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
