Пријатно Фотошоп-изненадување за сите што чекаат автобус

Пријатно Фотошоп-изненадување за сите што чекаат автобус

Замислете, чекате автобус, здодевно ви е, 57-цата пак доцни и тогаш на рекламното пано пред вас се појавувате во фотошопирана верзија, поставени во некоја интересна сцена. Тотално неочекувано и возбудливо, нели?

Оваа кампања, која потсетува на комбинација од Скриена камера и Невозможна мисија, се снимала во Стокхолм, Шведска, како најава за настанот Adobe Creative Days, кој ќе се случи на 11 јуни во нордискиот регион.Пријатно Фотошоп-изненадување за сите што чекаат автобус Погледнете ги бесценетите реакции на луѓето кои биле тајно фотографирани и потоа фотошопирани, во моментот кога ќе се видат себеси наместо рекламата на билбордот отспротива.

Шеговитата акција е дел од т.н. „улично ретуширање“ од Адоби во која мајсторот зад креациите е вештиот Фотошоп-експерт Ерик Јохансон.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.