Зошто ги сакаме нашите баби и дедовци?

Некои од нас израснале со своите баби и дедовци, други ги гледале само кога им оделе на посета. Сеедно, љубовта која ја чувствуваме кон нашите баби и дедовци е голема. Се рекло дека човекот ги сака своите деца, но уште повеќе ги сака своите внуци. Дали тоа е така, останува да дознаеме кога ќе ги дочекаме нашите внуци. Во меѓувреме, не можеме да одречеме дека взаемната љубов меѓу бабите и дедовците и нивните внуци е навистина голема. Еве зошто ги сакаме нашите баби и дедовци и зошто не смееме да заборавиме на нашата љубов кон нив.

Зошто ги сакаме нашите баби и дедовци?

1. Затоа што како мали нè носеле во продавница и ни велеле да си купиме сè што сакаме.

2. Ни даваат верба во вистинската љубов и сродните души бидејќи неизмерно се сакаат речиси целиот свој живот.

3. Секогаш кога ќе дојдат на посета или кога ќе ги посетат нивните внуци, ги готват најубавите јадења.

4. Нè извлекуваат од кашата и нè бранат пред нашите родители.

5. Не се срамат да бидат тоа што се, интересни се кога сакаат да се забавуваат со нас и можат навистина да бидат откачени.

Зошто ги сакаме нашите баби и дедовци?

6. Секогаш се на наша страна и секогаш нè поддржуваат.

7. Никогаш не би ни се налутиле, но дури и да се случи тоа, не ни се лутат долго.

8. Нивните правила најчесто не важат за нивните внуци – сте можеле дури и да ја јадете тортата на баба пред да биде послужена.

Зошто ги сакаме нашите баби и дедовци?

9. Бидејќи од нив сме ги добиле најубавите подароци за роденден.

10. Би се откажале од сè за нас.

11. Секогаш можат да ни помогнат кога станува збор за историјата, дури и да ни кажат приказни на кои посведочиле тие самите.

12. Бидејќи никогаш не сме заминале од кај дедо и баба без да ни дадат џепарлак.

13. Поради своето животно искуство најчесто имаат одговор на сè и ни ги даваат најискрените совети.

Зошто ги сакаме нашите баби и дедовци?

14. Бидејќи славеле со часови и денови на веста дека им се родил/а внук/а.

15. Бидејќи нè сакаат безусловно.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар