Знаци кои упатуваат дека сте во врска со психопат

Жените често не знаат да разграничат дали се со опсесивен љубовник или со нормално момче. Кога сте во врска со психопат, тоа не е измачување само за вас туку и за оние околу вас. Еве некои знаци на кои треба да обрнете внимание…

2-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mk

Недостаток на емпатија

Ако вашето момче упорно не покажува никакви емоции освен опсесивност, бидете внимателни. Недостатокот на тоа основно чувство на емпатија е еден од знаците дека сте во врска со психопат.

Нема совест

Личност без совест може да предизвика силно чувство на непријатност. Дали прави погрешни работи поради кои не чувствува никаква вина? Секој од нас би требало да чувствува грижа на совест кога ќе погреши, а ако тоа не е случај со личноста со која се гледате, време е уште во истава секунда да излезете од таа врска.

Тој е баш како вас

Психопатот ќе се обиде да ве увери дека сте сродни души. Тој сака сè што вие сакате и има исти интереси како вашите. Ако сте имале тешко детство, тој тоа ќе го разбере. Ако постои некоја книга која ја обожавате, тој ќе се погрижи и самиот да ја засака. Тоа што тој го прави се нарекува пресликување. Тој нема идентитет, па се угледува на вас и се однесува идентично како вас.

Болести и повреди

Психопатите апсолутно сакаат да ги сожалувате, па обрнете внимание на неговите болести и повреди. Дали чудесно се изборил со ракот кој може да се врати во секој момент? Дали ја истегнал ногата, па мора да остане дома вечерта? Дали ја изгубил својата прва жена во сообраќајна несреќа? Најдобро проверете ги неговите приказни.

1-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mk

Пукнатини во маската

Психопатите понекогаш ќе кажат нешто чудно за себе. На пример, правите вечера, а тој наеднаш ви вели: „Знаеш, јас сум луд. Или: „Ја те изневерувам.“ Потоа ќе негира дека го кажал тоа или ќе тврди дека се шегувал. Тој сака да ве исфрли од рамнотежа, но така несвесно ја трга и својата маска.

Упорно лаже

Познато е дека за да функционира врската неопходно е да бидете искрени еден кон друг. Но, кога вашиот партнер ќе почне да ве лаже скоро секој ден, мора да подразмислите и да видите што е проблемот. Психопатите се познати по тоа што лажат без трошка грижа на совест и често живеат двоен живот.

Казнување со тишина

Откако ве бомбардирал со љубов и идеализирања, и вие успешно сте се закачиле за него, почнуваат да стивнуваат работите. Првиот знак е обично молчењето. Психопатите се познати по тоа што исчезнуваат на неколку дена. Вам ќе ве излуди неговото исчезнување и молчење. Меѓутоа во реалноста, тој само се занимава со својата нова мета.

Садистичка смисла за хумор

На ова задолжително мора да обрнете внимание. Дали му е задоволство или смешно во ситуациите во кои инаку други луѓе би биле згрозени? Ако на вашето момче му е смешно да тепа животни или му се смешни луѓе кои се повредени, тогаш сигурно сте во врска со психопат.

3-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mk

Одличен секс

Секој сака добар секс, но оние кои биле со психопати често велат дека тоа било најдобрата работа која некогаш ја доживеале. Психопатот сака да ви угоди. Тоа е само уште една тактика за да ве закачи за себе. Откако ќе ве добие, ќе го молите за секс, бидејќи тој наеднаш нема веќе да сака да го прави тоа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар