Среќните девојки не бараат љубов, туку безусловно ја даваат

Сингл девојките обично постојано зборуваат дека нема да започнат врска со кого било и дека ќе чекаат да се појави човекот кој ќе ги сака онака како што заслужуваат. Овој став е супер и не треба да се изгуби, меѓутоа ваквиот начин на размислување може да завладее со целиот ваш живот. Наместо да се жалите и да објаснувате каква љубов сакате, пробајте да се фокусирате на тоа каква љубов давате.

Среќните девојки не бараат љубов, туку безусловно ја даваат

Размислете за тоа како се однесувате со луѓето околу вас, како што се вашата мајка, најдобра пријателка и вашите колеги. Дали слободно и отворено им покажувате љубов и внимание или толку многу сте окупирани со себеси што не сте ни помислиле на тоа?

Поголемиот дел од нашите проблеми си ги создаваме самите. Кога животот ни станува премногу тежок, тоа е така затоа што мислиме само на себе. Лесно е да се заборави на светот околу нас, ако постојано живееме во нашите глави. Но, доколку за момент го насочите вашето внимание на друго место, ќе се изненадите од тоа колку брзо ќе исчезнат сите ваши проблеми.

Наместо да се фокусирате на тоа каква љубов сакате, фокусирајте се на тоа каква љубов можете да дадете. Изненадете ја вашата пријателка со нејзиното омилено чоколадо. Однесете ја мајка ви на вечера. Слушајте ги луѓето кога зборуваат. Покажете интерес за работите што им се случуваат. Со други зборови, бидете личност каква што вие би сакале да имате во вашиот живот. Не можете да очекувате да добиете љубов, доколку вие не ја давате. Не можете да барате од некого да биде постојано тука за вас, ако вие не сте тука за другите луѓе.

Нареден пат кога ќе почнете да се самосожалувате, престанете да мислите на себе и почнете да обрнувате внимание на некој друг. Без разлика дали станува збор за вашата најдобра пријателка или за комплетен странец, размислете што би можеле да сторите за да направите некого среќен. И потоа остварете го тоа. Во моментот кога ќе излезете од вашата глава и ќе се обидете да разубавите нечиј ден, ќе сфатите дека не е толку тешко да се најде среќата.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Dejan Reply

    бившата од ко стана слободна даваше љубов секоја вечер…

Остави коментар