Подгответе се за летото во 6 чекори: Парчиња облека кои ќе станат водечки трендови во ова лето

Подгответе се за летото во 6 чекори: Парчиња облека кои ќе ги носат сите трендсетерки

Иако само што ни пристигна пролета, сепак штом ќе се појават првите топли и сончеви денови ние веднаш размислуваме за летото. Летото за нас не е само време од годината во кое започнува сезоната на годишни одмори, туку и време кога започнува нашата омилена сезона во модна смисла. Значи, време е за нови трендови, нови парчиња облека и нови модни комбинации кои ќе бидат весели, шарени, слободни… За да бидете подготвени за летото кое ни доаѓа, ви претставуваме 6 клучни парчиња облека кои секоја трендсетерка ќе ги обожава во текот на наредните месеци.

1-podgotvete-se-za-letoto-vo-6-chekori-parchinja-obleka-koi-kje-gi-nosat-site-trendseterki-www,kafepazua,mk_

1. Карирани парчиња облека

Карираниот дезен и токму оној кој потсетува на чаршаф за маса, ќе биде повторно во тренд за ова лето. Ова и не е толку лошо, бидејќи сигурно веќе во гардероберот имате некоја кошула или здолниште од претходно, од почетокот на двеилјадитите години бидејќи сличен дезен се носеше и тогаш. Модните трендови повторно се вратат во круг, а доколку сакате во ова година да изгледате поразлично, бидете смели и облечете едно вакво парче облека во комбинација со сличен дезен за да добиете разигран и тренди изглед. Впечатливите детали како што се обувките во силни бои ќе направат да изгледате уште подобро и помодерно, како вистинска модна блогерка.

2-podgotvete-se-za-letoto-vo-6-chekori-parchinja-obleka-koi-kje-gi-nosat-site-trendseterki-www,kafepazua,mk_

2. Кроп топ на нов начин

Кроп топот, исто така, е тренд од претходно, но во ова лето ќе го видиме во малку посмела варијанта, и токму во онаа која е како еден вид градник. Носете го со панталони или здолништа со висок струк, а доколку сте ултра згодни, тогаш слободно покажете го стомачето со панталони со низок струк. Сигурно ќе бидете забележани.

3-podgotvete-se-za-letoto-vo-6-chekori-parchinja-obleka-koi-kje-gi-nosat-site-trendseterki-www,kafepazua,mk_

3. Впечатливи пруги

Уште долго време ќе ги сакаме пругите во сите облици. Сепак, ова лето заборавете на тенките и дискретни пруги. Ова лето ќе носиме широки, впечатливи пруги во силни бои кои од нашите дневни комбинации ќе направат тренди изглед кој ќе привлече внимание. Ваквата комбинација секогаш „смирете“ ја со некои помирни детали за да добиете вистинска мерка.

4-podgotvete-se-za-letoto-vo-6-chekori-parchinja-obleka-koi-kje-gi-nosat-site-trendseterki-www,kafepazua,mk_

4. Блузи со голи рамена

Блузите, маиците и кошулите со голи рамена, па дури и богатите карнери, и понатаму го живеат својот живот во полн ек, поточно, и понатаму се на врвот од листата на модни трендови. Ова лето покажете го вашиот тен со ова одлично парче кое доби најмногу оцени од модните експерти.

5-podgotvete-se-za-letoto-vo-6-chekori-parchinja-obleka-koi-kje-gi-nosat-site-trendseterki-www,kafepazua,mk_

5. Секси и заводливо

Уште еден начин за да го покажете вашиот стил, но и сјајната фигура се фустаните од тул, чипка и други проѕирни материјали кои за ова лето се „закажани“ како еден од водечките трендови. Од каде нешто вакво? Па, ако го занемариме фактот дека овие парчиња облека всушност никогаш и не излегле од мода, ќе нагласиме дека наскоро започнува фестивалот Коачела која ги фаворизира токму ваквите модни комбинации.

6-podgotvete-se-za-letoto-vo-6-chekori-parchinja-obleka-koi-kje-gi-nosat-site-trendseterki-www,kafepazua,mk_

6. Корсети

Неочекувани, но така е. Корсетите повторно се враќаат во мода, но многу поубави и помодерни од претходно. Сега корсетите повеќе се носат како детаљ, како каиш или појас, и тоа не само со фустаните, туку и со блузите, маиците, кошулите па дури и преку сакото. По малку екстравагантно, но моментално и тоа како во тренд.

7-podgotvete-se-za-letoto-vo-6-chekori-parchinja-obleka-koi-kje-gi-nosat-site-trendseterki-www,kafepazua,mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар